Таг: мјузикл

Лајв Ејд ќе стане мјузикл

Еден од најпознатите концерти на сите времиња ќе биде поставен на сцена во Лондон следната година. Секако, без повеќето од оние кои го одбележаа, а чие спомнување би звучело како редење на поп на погреб - Боуви, Меркјури, Џорџ Мајкл...

Нов мјузикл ja раскажува вистинската приказна за пронаоѓањето на структурата на ДНК

Претставата „Двоен хеликс“ ѝ оддава признание на Розалинд Френклин, чии истражувања биле од огромна важност за откривањето на структурата на ДНК. Нејзините машки колеги, кои ја добија Нобеловата токму за истото, не ја спомнале ни постхумно. 

Прв мјузикл за Френк Синатра

Во септември е најавена премиера на претстава посветена на раниот живот и кариера на пејачот со почесен прекар „Управител на одборот“, подобро познат како Ол’ блу ајс.

Подкаст како опера и мјузикл: неверојатната креативност на еден медиум

Одамна ни се немаше случено нешто да нè помрдне до толку да помислиме дека раскажувањето приказни има уште што да понуди во смисла на мултимедијалност и шареноликост. Покрај сите дигитални технологии, анимации, вакви и онакви ефекти,  излезе дека е доволно да сакаш само малку да си поиграш, излегувајќи од удобната зона на она што го познаваш.

Мјузиклот „Горчливо мало апче“ на Аланис Морисет ќе стане роман

Приказната од наградуваниот бродвејски мјузикл, именуван според славниот албум на Морисет, „плаче“ за преточување во книга наменета за тинејџери. Истовремено е и можност тие да се запознаат со музичарката која направи кариера лижејќи си ги љубовните рани и зборувајќи за гневот и исцелувањето.

„Враќање во иднината“ стана мјузикл

Светската премиера е закажана за 20 февруари 2020 во Манчестер. Потоа претставата се сели на Вест енд.

Претстава според 20 песни на Дилан

„Големиот успех на лондонската поставка на Девојката од северот, мјузиклот на Конор МекФерсон базиран на песните на Дилан, е во неговата способност, како и онаа на неговиот музички супервизор Сајмон Хејл, да пронајдат нијанси на значења во песните кои веројатно би го изненадиле и самиот Дилан.“

Приказната за тајниот последен проект на Боуви

Кога добитникот на Пулицер, писателот Мајкл Канингем, добил повик од некој кој се претставил како Дејвид Боуви, мислел дека е зафрканција. Не знаел дека тоа е моментот кога ќе започне едногодишна соработка на мјузикл, кој вклучува вонземјани, маријачи и измислени необјавени песни на Боб Дилан. Еве ја неговата приказна.

Мјузикл „Ана Каренина“ на ролерки

Мјузикл според славниот роман на Толстој наскоро ќе ја доживее својата премиера во Москва. И покрај некои необични режисерски решенија, адаптацијата останува верна на оригиналот.

Мјузикл по детска книга на Тери Џонс

Познатиот пајтоновец, помеѓу сите негови таленти, го има и оној убаво да раскажува за деца. Една негова книга од 1985 сега се поставува во Лондон, во форма на музичка претстава.

Мјузикл во чест на Милан Младеновиќ

Во театарот Стерија во Вршац се подготвува претстава посветена на прерано починатиот музичар.

Мјузикл по мотиви на Кјеркегор

Звучи како скеч од Монти Пајтон, ама во Данска, во чест на 200 годишнината од раѓањето на познатиот филозоф, е направен - мјузикл.