Кога неговата ќерка имала 5 години, Џонс ги купил бајките на браќата Грим. На крајот од „Снежана", кога маќеата мора да облече вжештени железни чевли и во нив да игра дур умре, тој се вџашил. Наместо да продолжи да ѝ ги чита, решил нешто и сам да напише. Така се случила првата негова книга за деца од 1981, „Бајки", којашто ја напишал лесно затоа што „неговата ментална возраст е 10 години". Oчигледно тогаш му тргнало, затоа што до денес има објавено скоро 20 книги за деца.
„Никобобинус" е неговата втора книга, којашто ја напишал веднаш по „Бајките", прилагодувајќи ја нејзината содржина на возраста на неговата ќерка, која тогаш имала 11 години и веќе не ѝ биле интересни приказни за вештерки и принцези. Главниот лик е дете кое живеело одамна, во град наречен Венеција, и можело да направи што и да посака. Тој, со неговата пријателка Роузи, се всушност меѓу ретките среќни и креативни суштества во свет сочинет од корумпирани и зли возрасни - доктори, кралеви и свештеници. Единствени што можат да се мерат со децата по нивната моќ се змејовите, со кои децата склопуваат тајно сојузништво.
Поставката на книгата во The Lost Theatre во Лондон, чија премиера ќе се случи на 11.12, е осовременета, со нешта кои во меѓувреме се длабоко навлезени во детскиот свет. Самиот автор е воодушевен од тоа што неговото дело не е поставено „како музејско парче" туку како нешто направено со сета енергија и креативност на една нова генерација.
Ова е трејлерот за претставата во кој Тери чита извадок од книгата. Првата реченица е: „Никобобинус беше неверојатно дете, единствен кој некогаш го исплазил јазикот на премиерот".