Колку што се сеќаваме, „Ана Каренина“ освен страсна љубов, страдање и железнички вагони не вклучуваше возење ролери, но од друга страна, зошто па да не? Продуцентите на мјузиклот чија премиера се планира во октомври во московскиот театар „Оперета“, велат дека целото дејство не можело да се вклопи во двочасовно шоу, но дека преку специјално напишана музички парчиња ќе се обидат да ја доловат комплетната приказна. Ролерките се користат во зимските сцени како замена за лизгалки, а актерите со нив изведуваат и акробатски сцени.
Ова секако не е прв пат „Ана Каренина“ да се адаптира за екран или за сцена, а постојат и комбинации. Така познатата филмска верзија по сценарио на Том Стопард, со Кира Најтли од 2012 целата се одвива внатре театар.
Она по што мјузиклот ќе се разликува од некои други филмувани или театарски верзии е пред сè ликот на мажот на Ана, Каренин, кој речиси секогаш се претставува како зол и нечувствителен. Во оваа верзија ликовите не се црно/бели, туку е направен обид за разбирање на нивната ситуација.
Во истиот театар минатата година е поставена музичка верзија на „Злосторство и казна“. Обидите да се постават „западни“ мјузикли, како „Чикаго“ во Москва се покажале како помалку успешни.
Освен ролерки, продуцентите на оваа верзија на „Ана Каренина“ ветуваат дека на крајот на претставата ќе има и - воз.