Поп-филозофија

Мјузикл по мотиви на Кјеркегор

Звучи како скеч од Монти Пајтон, ама во Данска, во чест на 200 годишнината од раѓањето на познатиот филозоф, е направен - мјузикл.

„Луѓето толку малку ме разбираат, што тие не ме разбираат дури ни кога се жалам што не сум разбран" - изјавил еднаш Кјеркегор (или како што понекогаш се транскрипира на македонски - Киркегард) за односот на неговите сограѓани кон неговото творештво. И факт е, дека иако Данците се формално горди што од нивните редови излегол мислител од светски ранг, сепак малкумина реално го имаат читано, или пак сфатено. Решение: наместо прирачник „Кјеркегор за идиоти", раскажи го неговото дело низ - музика.

Претставата која ја режирала Мари Молер (28), се базира на најпознатото дело на Кјеркегор, „Или/и", и вклучува рејв музика и кукли со големина на дете. Претставата се игра низ училишта из цела Данска, и се обидува да им го приближи ова дело од 1843, кое се допира до естетски и етички прашања во врска со љубовта и животот, на децата.

Oва не е единствена претстава во Данска направена според дело на Кјеркегор, кое има амбиција да се обрати на поширок круг гледачи. „Комичното шоу на Кјеркегор", на 46-годишниот актер Клаус Дамгаард, ги користи мислите на филозофот за дискутирање околу сексот и модерните романтични врски низ хумор. Шоуто било на турнеја низ Данска, а било прикажано и во капелата до гробиштата каде се закопани Кјеркегор и неговиот современик, Ханс Кристијан Андерсен.

9 мај 2013 - 14:15