Готвач сликовница

Нацртани рецепти

Дали кога готвите по рецепт повеќе сакате да ви нацртаат или да прочитате што треба да направите? Ако сте од првите, ова е книга за вас. 

Една вечер во 2009 на Кети Шели ѝ се пријало модар патлиџан со пармезан. Се јавила кај другарка, и додека оваа ѝ го диктирала рецептот Кети, која работи како дизајнер, почнала наместо да запишува да црта. Сега објавува книга - Picture Cook - или Готвач-сликовница, со 50 рецепти, кои се објаснети со едноставни визуелни упатства.

Таа за себе вели дека не е нешто особено кулинарски надарена, но дека готвачите како оној на Џулија Чајлд или Марио Батали ја фрустрирале. Со оваа нејзина книга нема да морате да се чувствувате како да се подготвувате за некаков натпревар на готвачи кога правите обична супа од моркови.

Нејзините визуелни рецепти и до сега кружеа на интернет, а книгата е создадена токму заради позитивните реакции на читателите. Таа ќе излезе во октомври, но и сега може да се нарача.

„Ова е само уште еден начин како да се прикаже информација. Секогаш ќе има луѓе кои повеќе го сакаат оригиналниот начин, и јас не сугерирам дека целиот свет треба да се префрли на ваков формат. Но овој начин ви одговара, тогаш супер", вели авторката.

 

20 мај 2013 - 08:31