Почина Жорж Мустаки

Еден од најсаканите француски композитори и шансоњери почина на 79 години по долга болест.

Жорж, или Џузепе Мустаки, е роден во Египет, од родители кои потекнувале од Крф, а биле итало-грчки сефардски Евреи. Држеле книжарница во космополитската Александрија, а Жорж одел во француско училиште.

Под големо влијание на француската музика од педесетите, особено на Жорж Брасан, тој го менува името во негова често и заминува за Париз. Во 1959 неговата кариера доживува бум, откако ја компонира незаборавната „Милорд" на Едит Пјаф, со која најверојатно бил и во љубовна врска, кога таа имала повеќе од четириесет а тој 20. Легендата вели дека текстот за песната го напишал на салфетка, додека биле на одмор со Пјаф.

Мустаки пишувал и за други големи француски шансоњери, но неговото најголемо влијание врз француската музика го извршил со мешање на различни, особено ориентални влијанија со европската традиција, како и промовирање на слободата и индивидуалноста. Францускиот министер за култура, по веста за неговата смрт напиша дека бил „уметник посветен на хуманистички вредности".

Жорж Мустаки и Далара во живo



Едит Пјаф

25 мај 2013 - 12:19