Џ. К. Роулинг за „Хари Потер“: Квидич - го измислив во мал хотел во Манчестер по караница со мојот тогашен дечко. Размислував за нештата кои можат да да го обединуваат општеството, и знаев дека ми треба спорт. Тој ги полудува мажите, што е прилично соодветно, имајќи го предвид моето тогашно расположение".
Хелен Филдинг за „Дневникот на Бриџит Џонс": „Хју (Грант) беше многу вознемирен во врска со ова (од спомнувањето на епизодата со проститутката - заб.прев.) Тоа е моментот кога заборавате дека познатата личност е истовремено и реална личност. Иако го имам сретнато само неколку пати. Му испратив порака преку Ричард Кертис велејќи: 'Дали ќе ми простиш ако ти го испу*ам?’ Нема да ви кажам што одговори, но беше смешно.“
Хилари Мантел за Wolf Hall: „Често поставувани прашања: Кога одлучивте да го употребите сегашното време? Кога одлучивте дека дејството треба да се одвива преку очите не Кромвел? Одлучив во првата реченица. Исто така знаев дека првата реченица може да ја одбележи целата книга. Таа може да биде и последна. Иако веројатно нема да биде".
Јан Мекјуан за „Амстердам": „Некои велат дека ова е Питер Стотхард, други Алан Расбригер (двајца познати британски новинари и уредници - заб.прев). Но јас немав појма".
Ник Хорнби за Fever Pitch: „Колку би се разликувала оваа книга кога би ја напишал сега! Освен што секако сега не би можел да ја напишам, премногу сум стар. Не за воопшто да пишувам, туку да ми е гајле за овие работи. Животот и работата и децата и секакви нешта сега стојат на патот. Не се откажувам од книгава. Многу сум горд на неа. Само велам дека ова е книга на млад човек, и токму затоа таа беше успешна".
Казуо Ишигуро за „Остатоци од денот": „Насловот дојде кога на една напуштена австралиска плажа замолив група писатели да измислат нешто за мојот речиси завршен но неименуван роман..Џудит Херцберг веднаш преведе термин кој Фројд го опишал за да опише соништа, и тој термин ми остана. Кога дојдов дома го напишав на првата страна на ракописот".
Маргарет Атвуд за „Слепиот убиец": „Сликата на корица е од насловна на Saturday Evening Post од 1934. Девојката била дебитантка, како што често било случај тогаш. Се обидовме да ѝ ја осветлиме, но изгледаше како капа за бањање".
Том Стопард за „Розенкранц и Гилденстерн се мртви": Моето прво издание содржи реченици кои никогаш не сум ги забележал, кои не ги препознавам, а некои од нив имам исфрлено на проби.
Јан Мартел за „Животот на Пи": „Никогаш не ми се допаѓаше првата реченица. Требаше да гласи 'Оваа книга се роди затоа што бев гладен', па дури и тоа не е добра прва реченица".