Bookbox

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Oд каде името „макадам“?

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Огромен музеј на Битлси ќе биде отворен во 2028 во Ливерпул

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Отпорот да се биде прифатен од другите може да стане извор на политичка моќ. Социјалните мрежи овозможуваат постојано следење на јавното однесување: секоја изјава може да биде извадена од контекст, осудена и искористена против оној што ја дал. Стравот од нарушување на сопствениот углед ги тера луѓето да се самоцензурираат, да избегнуваат чувствителни теми и да ги приспособуваат своите ставови на она што се смета за општествено прифатливо. 

Пофалба на кредата

Да можевме, овој текст ќе ви го напишевме на старата добра црна (или зелена) школска табла, со сунѓер во левата и креда во десната рака. Не само заради некаква носталгија, туку како протест против сите тие Power Point презентации, лаптопи, таблети, кои го претворија образованието во куп шарени сличиња. Плус, никаков дигитален аудио ефект не може да го замени звукот на чкрипење со креда на табла.

Белешки кон смртта на една култура

Перуанскиот нобеловец има нова збирка есеи, опишана како „провокативна" иако зборува за една ноторна вистина - опаѓањето на интелектуалниот живот. Не нашиот, општо.

Je suis Дежуловиќ

Три години по објавувањето на еден текст на Дежуловиќ, судот одлучи дека Слободна Далмација треба да им плати отштета на навредените. И наместо уредникот кој го одобрил текстот зад застане зад новинарот, тој одлучи да ја прекине соработката со добитникот на највисоката европска награда за новинарство. Колегите се солидаризираат, а тој повторно во случајов гледа нешто добро -  се чувствува како да е 1990, а тој млад и полетен. 

Жива ли е музиката?

За да покажеме дека џез публиката во Скопје има не само историско минато и плодна сегашност, туку и сигурна иднина, поканивме еден млад човек, студент од прва година по етнологија, да напише неколку редови за една од неговите музички љубови. 

Манастирска музика што најдобро се слуша со пиво

Можеби не е баш соодветно да се каже дека Бенедикта е „бенд“, затоа што се состои од 18 монаси, од манастирот Св. Бенедикт во централна Италија. Нивниот нов албум „Напеви од Норча" веќе е хит, а најдобро легнува доколку се слуша пиејќи го пивото коешто самите го произведуваат.

Eдна година во која мажите нема да можат да објавуваат

Во 2018 една британска издавачка куќа нема да објави ниту едно дело од машки автор. Одлуката е резултат на две работи, кои очигледно функционираат ако сакаш да иницираш промена: јавна провокација и шарени дијаграми.

Напиши есеј и добиј фарма со кози?

Некоја нова мода се појавува во САД последниве месеци - луѓето ги даваат нивните домови, фарми и хотели како награди на книжевни конкурси. Иако ова за сопствениците е добар начин да се ослободат од долговите, тие истовремено им даваат шанса на оние со помали примања и литературен талент да добијат дом каде би пишувале на раат.

Разговори со ќерка ми за економија

Mинатото лето актуелниот министер за финансии на Грција минал десет дена пишувајќи книга за економија на грчки. Идејата била таа да се напише како да ѝ се обраќа на неговата ќерка-тинејџерка, односно идеите во неа да бидат изложени едноставно, и на начин кој би ги инспирирал младите да покажат интерес за економските процеси. Судејќи според овој извадок, Варуфакис успева во тоа.

Зошто Французите се плашат да прикажат филм за нивните неонацисти?

Нов филм на режисер чие уметничко име е Диастем (Diastème) сугерира врска помеѓу неонацистите и третата по големина партија во Франција, Националниот фронт. Иако критиките се позитивни, кино салите во Франција ги откажуваат проекциите, поради страв од насилства.

Чудниот збор „фала"

Иако звучи како нешто што е универзално убаво да се чуе, „благодарам" во различни култури се употребува и се толкува различно. Еве една споредба помеѓу САД и Индија - Македонија е веројатно нешто помеѓу.

„1984“: ремек-делото што му го скрати животот на Орвел

Објавен на денешен ден, 8 јуни 1949, „1984" е еден од најзначајните романи во светската книжевност. „Големиот брат", „новоговор", „орвеловски" се асоцијации за репресивни времиња и режими, кои и денес се исто толку актуелни колку и во времето на појавување на книгата, која за малку никогаш немало да биде завршена.

„Пат низ Италија" (2014)

Двајца британски актери, кои се играат самите себеси, минуваат шест дена шетајќи по италијанскиот брег. Се мачат јадејќи во прекрасни ресторани, спиејќи во скапи апартмани во кои престојувале Наполеон или Грета Гарбо и едрејќи со брод под име „Трпение". Ама освен од завист и воајеризам, филмот го изгледавме и заради нивните шармантно апсурдни муабети.

„Сплит за почетници: абецеда на градот" од Ренато Баретиќ и Ивица Иванишевиќ

Бескрајно шармантен, неофицијален туристички водич за град-антички побратим на Скопје, во кој се наоѓа најтесната улица на светот, а ако сте доволно љубопитни, и најширокиот поглед на свет. 

Пиј ме со очи

Мислевме дека нема нешто што не сме го чуле од Кеш, додека не наидовме на оваа песна, чија приказна и различни верзии излегоа поинтересни од очекуваното.

Вагина во Версај

Додека ние сакаме модерното да го претвораме во барок, Французите одат контра - во нивните барокни замоци од време на време поставуваат изложби на современи автори. Сега една таква поставка, во замокот Версај, предизвикува жестоки полемики.

За водата, сапунот и вистината

Има луѓе во овој напорен и сè помалку хуман град, кои се обидуваат барем од своето „внатре" да направат естетски автономна територија. Лежерен, дискретен и посветен на своите љубови, Влатко е еден од нив. Денес промовира и книга, чиј жанр е веројатно најдобро опишан со насловот.

Вкусот на дома

Истражувачко-културно-гастрономски проект изработен од Центарот за мировни студии на Хрватска, кој нè запознава со мирисот и вкусот на домашната кујна на бегалците и азилантите во оваа земја.

Германските библиотеки бараат да работат во недела

Во Германија во моментов има 10.200 библиотеки, од кои 106 се мобилни, библиотеки „на тркала" кои патуваат главно низ руралните средини. Но оние општинските се соочуваат со буџетски скратувања кои се закана по нивното постоење. Во последниве години голем број од нив се затворени, а други се драстично намалени или пак работат со скратено работно време.

Познатите зборуваат за неискаж...

На покана на гостите-уредници на специјално издание на New Statesman, Нил Гајман и Аманда Палмер, познати писатели, активисти и јавни личности го откриваат она што обично го оставаат неискажано. Што од немукает, што од страв, што затоа што е потребна мудрост за да се направи разлика помеѓу она за што е подобро да се молчи, и она за што мора да се зборува, па дури и да се вика. 

„Женски" книги не добиваат престижни книжевни награди

Последниве 15 години ниту една книга напишана од жена, а во која истовремено работите се раскажани од аспект на женски лик, нема добиено ни Пулицер, ни Букер, ни бутур. Ако не верувате, погледнете ги овие дијаграми.

Еx Machina (2015)

Тешко е да се гледа научна-фантастика во која речиси совршени човечки „репликанти" се обидуваат да ја преземат контролата, без асоцијации на Блејд Ранер, и чувство дека сè по него е во сенка на неговата визуелна и визионерска моќ. Па сепак, Ex Machina е повеќе од дистописки спектакл во кој главен лик е згодна и (вештачки) интелигентна жена, какви што се изнагледавме во последно време.

Уелбек откажан, па вратен на програмата на Дубровничките летни игри

Дека содржината на едно дело е во втор план пред вонкнижевните случувања поврзани со неговиот автор, особено ако некој има интерес од таквото толкување, покажаа неодамнешните случувања во Хрватска. Причина е една елементарна честичка која недостасува - знаењето.

Дали изложување (и продавање) туѓи слики од Инстаграм е крадење?

Ричард Принс (1949) е еден од најкритикуваните, а истовремено одлично продавани современи уметници. Неговата техника еуфемистично се нарекува „рефотографирање", а всушност се состои од обично крадење туѓи фотографии и правење минимални интервенции врз нив. Најнов скандал поврзан со него - изложба на слики од Инстаграм и нивно продавање за 90,000 долари.