Садиу од Сенегал живее во прифатилиштето за баратели на азил во Хрватска и очекува решение на неговото барање. Амин е таму веќе седум месеци, а својот дом во Иран го напуштил заради верски прогон. Нивните приказни се само две од дваесетте вклучени во книгата којашто е истовремено и готвач и споменар, „Вкусот на дома", а вклучува рецепти од Мароко и Нигерија, до Турција и Косово. Она по што оваа се разликува од вообичаените нарации за бегалците и азилантите, е што ним им претставува од најтоплиот можен човечки аспект - преку носталгијата по домот, не метафорично, туку многу буквално и телесно претставен преку сеќавањата и рецептите за домашните јадења.
На страницата на проектот Okus doma, во рубриката „Далечни рецепти, приказни одблиску", така има рецепти за Pap i nyma ye huku од Зимбабве (еден вид гулаш со качамак), за курдски фалафел,за јадењето тамија од Судан (пржени ќофтенца од наут), кус-кус со лубеница или диња од Тунис (каде обично се подготвува во петок), традиционален ирански омлет со зеленчук, или авганистански пилав. Намерата е не само да се приближи вкусот на туѓата култура, туку овие рецепти да се внесат во менито на хрватските ресторани, а нив да ги подготвуваат токму азилантите.
Во тек е подготовка на документарец на истата тема на режисерката Мартина Глобочник - ова е кратко видео од него