Bookbox

Во време кога сè поголем број животински видови исчезнуваат поради човековото влијание и климатските промени, фотографот Џоел Сартори создава еден од најзначајните современи проекти посветени на природата. Неговиот Photo Ark (Фотоарка), кој годинава одбележува две децении постоење со поддршка на друштвото Нешнл Џиографик, има амбициозна, но едноставна цел – да се фотографира секој животински вид што живее во зоолошки градини, аквариуми и центри за заштита низ светот, пред да биде предоцна.

Сега некои од помладите ќе мислат дека нешто измислуваме и дека зборуваме за некој далечен, бушмански јазик. Всушност станува збор за израз кој „на времето“ (поранешна Југославија) често се среќаваше во стрипови и цртани на српско-хрватски. Но никогаш не сме се запрашале што значи.

Букбокс читанка: „Мотори и слатка трева“ од Дру Хајден Тејлор

Постојат книги што не се обидуваат да нè убедат дека светот е поедноставен отколку што е. Напротив, тие нè потсетуваат дека зад секојдневието можеби се крие нешто што одамна сме го заборавиле. Таков е овој роман на канадскиот писател Дру Хајден Тејлор – топла, духовита и мудра приказна во која реалноста и домородните легенди се испреплетуваат толку природно што на крајот човек почнува да се прашува дали навистина постои јасна граница меѓу нив.

Како е да си краставица?

Што ако интелигенцијата не е привилегија само на луѓето и животните со мозок? Што ако клетките, органите, па дури и едно растение имаат сопствен начин на „размислување“? Токму ваквите прашања ги поставува американскиот биолог Мајкл Левин – еден од најконтроверзните и највлијателните научници во областа на развојната биологија и регенеративната медицина. Неговите идеи предизвикуваат бурни дебати, но и отвораат сосема нови погледи кон животот, свеста и можностите на човечкото тело.

Кој е тој „слон во собата“?

Денес оваа фраза се користи во англискиот но и во други јазици кога зборуваме за очигледен проблем што сите го забележуваат, но никој не сака да го спомене. Сепак, малкумина знаат дека нејзините корени водат кон филозофски расправи, руска приказна и книжевност од 19 век.

Алгоговор: како социјалните медиуми ја менуваат иднината на јазикот

Адам Алексиќ е лингвист со диплома од Харвард (по потекло Србин, родителите-физичари се преселиле во САД во 1990-тите). Во својата нова книга под горниот наслов тој тврди дека човечката комуникација во моментов е на точка на пресврт, како резултат на развојот на алгоритмите. Значајноста на оваа трансформација може да се спореди само со претходните откритија на печатарската преса и на интернет. 

Бизарниот култ на кој му припаѓал атентатор на американски претседател

Утописката заедница се викала Онејда. Нејзиниот основач верувал во лично усовршување преку отворена критика на членовите и во „сложен брак“, во кој сите мажи и жени во заедницата биле во меѓусебни брачни односи. Идејата била да се елиминираат љубомората, сопственоста и ексклузивните врски, а љубовта да биде слободна, но доброволна. Токму во ваква секта членувал идниот атентатор на 20-тиот американски претседател, кој завршил на бесилка.

Колдплејгејт или како интернет ја убива еротската приватност

Она што ни недостига е „ситуациона еротика“ – чувство што не е нужно поврзано со траума, категорија, фетиш или сексуална ориентација. За да дојдеме до таму, мора да го „убиеме паноптиконот“ во нашите глави – тој внатрешен глас што секогаш нè набљудува. А за да го направиме тоа, треба да престанеме да ги набљудуваме и другите, да ги експонираме, да ги влечеме низ интернет за „казна“. Не секоја порака е за објава. Не секоја лична приказна е за анализа. Мора да престанеме да ги мешаме осудата со правда, и „постирањето“ со политика.

Џорџ Лукас конечно ќе го отвори својот Музеј на наративна уметност во 2026

Вчера, 28.07., Лукас беше пречекан со скандирање и стоечки овации при своето прво појавување на Комик-кон во Сан Диего. Но тој не дојде да зборува за „Војна на ѕвездите“ или „Индијана Џонс“. Целата панел-сесија беше посветена на неговиот долгоочекуван музеј, чие отворање беше најавено уште пред 10 години.

Пол Кругман: „Еншитификацијата“ не е нов феномен

Уништувањето или постепеното распаѓање е појава кај дигиталните платформи и онлајн сервиси кои со текот на времето значително го влошуваат квалитетот. Терминот воведен во 2022 навидум опишува нов феномен, карактеристичен исклучиво за современите технологии. Не баш - вели нобеловецот Кругман.

„Нескршливиот“ - американскиот Олимпиец кој издржал 47 денови на отворено море а потоа завршил како воен заробеник

Во 2010 излегува биографија на ветеранот од Втората светска војна, Луис Замперини. Четири години подоцна според неа е направен филм во режија на Анџелина Џоли и по сценарио на браќата Коен. По падот на неговиот авион, тој преживеал 47 дена во чамец среде океан, а потоа завршил како воен заробеник во Јапонија.

11 зборови за луѓе што мразат нешто

Психолозите велат да се одбегнуваат реченици кои почнуваат со „мразам“ (што и да е, на пример Штрумфови), затоа што тоа го запечатува чувството кое потоа тешко се искоренува. А некои работи па и не мора да се мразат. До толку за да има посебен збор за нив.

Букбокс гледаше: „Татами“ (2023)

Филм кој зборува за начините на кои спортот станува продолжена рака на политиката. Во овој случај спортистка од Иран, под притисок на властите на сопствената земја, се соочува со најважната одлука на својот живот - дали да се натпреварува за златото за коешто има големи шанси и притоа да го ризикува својот и животот на своите блиски или да се откаже од понатамошното натпреварување во име на „повисока“ агенда.

Англиското „хенговер“ означувало преноќување висејќи преку јаже

Во Викторијанска Англија најевтиното преноќување коштало едно- две пени. Најчесто кон него прибегнувале пијани морнари на кои комфорот и не им бил приоритет после испиената дневница. Доволно им било да висат преку јаже. 

Победа во корнет - кога американската војска претворала бродови во погони за сладолед за да го крене моралот на војската

Како да го одржиш на ниво моралот на војниците во тек на Втората светска војна? Направи голем брод кој е всушност фабрика за сладолед и пушти го да разнесува замрзнато млеко по Пацификот. Ем добиваат калории, ем се радуваат како деца. 

10 откачени нешта со кои Ози Озборн ќе влезе во рокенрол фолклорот

Го знаете она „веќе не ги прават како порано“? Во случајот со Ози ова е изрека на место - без оглед дали сте фан на неговата музика, човекот дефинитивно има богата биографија, која сега, по неговата смрт на неверојатно висока 76-годишна возраст (за начинот на којшто живееше), станува дел од усната историја на рокенролот.

Букбокс гледаше: „Аргентина, 1985“ (2022)

Филм кој е уште еден во големиот куп филмови кои се водат под етикетата „процедурална драма“, што значи дека воглавно се одвиваат во судница. Но деталите поврзани со нам малку познатата историја на Аргентина и фактот дека станува збор за преседан во судската историја на светот, го прави овој филм вреден за гледање.

Во борба со пламените јазици: медиумските метафори за пожари

Во моментов на пишувањето на овој текст во Македонија се активни пожари во седум региони. Медиумите известуваат за нив низ изрази како „пожарникарите ВО БОРБА со пламенот“ или „пожарите БЕСНЕАТ низ земјата“. Овие се некои метафори за стихијата во македонскиот, а ново истражување ги испитувало во англискиот - излегува дека тие се идентични.

Ник Кејв донираше 2000 свои книги за хуманитарни цели

Обожавателите на Кејв буквално ги разграбаа неговите книги, откако тој ги донираше од својата лична колекција во продавницата на добротворната организација Оксфам во oбласта Брајтон и Хов во Англија.

Санка од „Граѓанинот Кејн“ стана втор најскап филмски реквизит продаден на аукција

Во антологискиот филм на Орсон Велс од 1941, санката има големо симболичко значење. Една од нив сега е продадена по цена од речиси 15 милиони долари, која е надмината само од црвените чевлички во „Волшебникот од Оз“.

„Колдплејдиран“ - нов термин за „фатен жив“

Онлајн заедницата неодамна измисли нов израз – „колдплејд“ или колдпејдиран, откако се појави вирално видео кое откри неверство на извршен директор. Исто како и снимката и тој се рашири и се користи како глагол за ситуации во кои некој е фатен во измама, особено во јавност или за време на значајни настани.

Молитви и разводнето вино: како изгледал денот на еден средовековен владетел?

Среден век е среден век, ама па и луѓе си се луѓе, и тие си имаат некои дневни рутини без оглед дали се кралеви или просјаци. Во случајов станува збор за првите, но нема ништо од пиење и оргии каков што би бил денешниот стереотип за богат и моќен човек.

Што е „хиралност“ и како една огледална слика може да резултира со катастрофа?

Погледнете си ги рацете. Левата и десната изгледаат исто, но ако се обидете да ги ставите една врз друга, тие не можат совршено да се поклопат. Тоа е затоа што тие се огледални слики, но не се идентични. Во хемијата, оваа појава се нарекува хиралност, и се јавува кога молекулата има таква структура што не може да се совпаѓа со својата огледална слика. Ако ова не се земе предвид, на пример во фармацијата, можни се фатални последици кои се случиле во 1960-тите во 46 земји во светот.

Нов подем на јапонската литература на Запад

Повеќе од една третина од 40-те најпреведувани книжевни наслови за 2025-та се од јапонски автори. Меѓу нив секако е Харуки Мураками, но и помлади и помалку познати автори вон Јапонија. Карактеристично е и што повеќето се - жени.

Мозокот бира безбедност пред други нагони и потреби?

Звучи малку чудно, бидејќи се сеќаваме од ситуации од младоста кадешто многу нешта биле поважни од тоа какви се ризиците од одредено однесување. Па сепак, за генерална популација изгледа е поинаку. Генерална популација глувци.

Стигмергија - ако секој си ја гледа својата работа и ги инспирира останатите да го прават истото

Термитите и мравките немаат некаков Це-ка кој донесува петгодишни планови, издава наредби и координира. Секој работник е комплетно незаинтересиран каква форма ќе има финалната мега-структура. Па сепак работат цело време, и работат добро. Можно ли е да научиме нешто од нив?

Наскоро серија со Стујарт од „Биг бенг тиори“

„Стујарт не успева да ја спаси вселената“ официјално доби зелено светло од ХБО. Едвај чекаме да ја видиме серијата посветена на овој шармантен продавач на стрипови кој никако не успева да продаде доволно за да не спие во сопствената продавница.

Британскиот образовен експеримент од 1960-тите кои оставил неписмени цели генерации

Почетната наставна азбука (Initial Teaching Alphabet – ITA) бил радикален, но слабо познат образовен експеримент спроведен во британските училишта (и во други англофонски земји). Таа требало да им помогне на децата побрзо да научат да читаат, преку поинтуитивен правопис, но всушност ги сменила основите на писменоста за десетици илјади деца. Потоа таинствено исчезнала, но не без последици.

Почина физичарот кому треба да му заблагодариме за Џипиес-от

Даниел Клепнер развил атомски часовник кој е од суштинско значење за системите за глобално позиционирање. Со други зборови, она што овозможува да знаеме каде сме и како да стигнеме онаму кадешто сме тргнале - не филозофски туку баш физички.