Стилот на цртање на ликови во анимирани филмови со четири прсти е речиси онолку стар колку и самата уметност на анимацијата. Голем број рани ликови, како Мики Маус и мачката Феликс имале четири прсти поради естетски причини. Аниматорите користеле кругови кога скицирале тела, глави и раце, а кружните дланки не изгледале убаво со пет прсти. Дизни наводно изјавил дека доколку на Мики му ставел пет прсти, тогаш дланките ќе му изгледале како куп банани.
Уште едно можно објаснување за ваквиот изглед на раните ликови од цртаните биле животните. Видовите како мачки, зајаци и кучиња имаат шепи со пет прсти, со тоа што едниот е подзатскриен. Ова можеби влијаело аниматорите да останат на четири прсти дури и кога цртале човеколики верзии на животните.
Дополнително, тие можеби едноставно сакале да имаат помалку работа. Традиционално, рачното цртање било навистина напорно. Додавање на петти прст на секој кадар би значело повеќе пари и време и за продуцентските студија.
Ако е така, тогаш зошто четири а не на пример три прсти? Не дека нема и такви примери, но ликовите со три прста често се мутанти или вонземјани, како во Teenage Mutant Ninja Turtles или вонземјаните од Toy Story. Сите тие имаат три прста за да се нагласи нивната вонземност.
Денес, традицијата продолжува - аниматорите се уште го тераат овој стил поради традиција и едноставност. А можеби и затоа што гледачите се веќе навикнати да го очекуваат ваквиот изглед на ликовите, со оглед на тоа што пораснале со таа естетика.