Според сајтот Roma Today, на 20 август вечерта крадец влегол во стан во Рим и бил фатен од полицијата бидејќи се задржал читајќи книга за грчка митологија.
Човекот, 38-годишен Италијанец, влегол во зградата во населбата Дела Виторија од терасата. Сопственикот, 71-годишен маж, се разбудил и се соочил со него, додека овој седел на тросед занесен во издание под наслов „Илијадата како аперитив“ од Џовани Нучи, која го истражува древниот еп од гледна точка на боговите, со фокус на толкувачката моќ на делото за разбирање на современите настани.
Крадецот се обидел да избега од истата тераса но бил уапсен од полицијата која дошла на повик на станарот. Таа кај него пронашла торба со дизајнерска облека, веројатно украдена од друга куќа истата вечер.