Кјур ќе објават снимки во живо на две претходно необјавени песни на еколошки винил. Албумот носи наслов „Д Кјур - ноември: во живо во Франција 2022“ и ќе биде издаден на 1 октомври. Сиот приход ќе оди за климатската добротворна организација EarthPercent, основана од Брајан Ино.
Изданието е дел од Naked Rеcord Club, кој продава плочи во ограничен тираж, направени од одржлив винил, за кој според проценките се користи 80-90% помалку струја во споредба со традиционалните машини на печатење на истиот материјал. Ќе бидат издадени 5000 примероци на 12 инчи, со тоа што првите 100 ќе бидат потпишани од лидерот на бендот, Роберт Смит. Засега не е јасно дали истите песни ќе бидат објавени и на долго очекуваниот нов албум на Кјур, „Песни од загубениот свет“.
Во соопштение за јавноста Ено изјавил: „Би сакал да им заблагодарам на Кјур и на Нејкед Рекорд клаб, кои се вистински иноватори, за нивната широкограда поддршка на виталните климатски проекти. Ова е моќен пример за тоа како музичката заедница може да работи заедно за подобар свет“.
Плочите се направени од нетоксичен полиетилен терепталат (ПЕТ), „најрециклабилната пластика на светот“, која се користи за шишиња за вода и пакување. Отпечатената етикета не содржи хартија, додека за омотите се користени исто така сертифицирани материјали, во кои нема пластика. Трошокот за производство на ПЕТ винил е отприлика ист како и за традиционалниот ПВЦ винил.
Види претходно:
Масив Атак го одржаа најеколошкиот концерт на модерното време
Винилите од новиот албум на Колдплеј ќе бидат направени од стари пластични шишиња