„Си ја продадов шапката за вино“: исповеди на студенти што ги прекршиле правилата

Воочи почетокот на новата школска година и во тек на факултетските уписи, да видиме како во минатото се пишувале писма на покајание до администрацијата на образовните институции доколку некој се огрешел од кодексите на однесување. 

Полошо од тоа да те фатат дека си прекршил училишно правило било тоа што си морал да напишеш белешка за тоа како и зошто дошло до инцидентот. А чекор понатаму е срамот кога школската администрација ќе ги архивира овие писма, ќе ги дигитализира во распон од еден цел век и ќе ги направи достапни за секого. Кој знае колку потомци на „непримерни“ студенти ќе можат да се пронајдат во овие, напишани помеѓу 1889 и 1920 на Универзитетот Милерсвил во Пенсилванија. 

„Нозете ми се тресеа“

15-годишниот Томас Д. Томас си ја продал шапката за пари, истите ги потрошил на вино кое веднаш го испил на пат со неколкумина пријатели, а потоа се вратил во интернатот и спиел во соба на неговиот колега, извесен Андис. Томас имал тешко утро - „Повраќав во собата на Андис. Нозете ми се тресеа па тој и уште еден пријател мораа да ми помогнат да стигнам до факултетот“.

Ноќ со месечина

Во текот на последната недела од летото 1904-та, Алонзо Брин поминал „ноќ осветлена од месечина“ во нива со две девојки. „Не си дозволив ништо да направам со нив, ниту пак им реков нешто несоодветно - се однесував најџентлменски“, нè уверува. 

Вечерно човечко мјаукање

Кога Томас М. Смитем излегол една ноќ во 1889-та по последното ѕвоно (после кое не смеело да се напушта интернатот), девојките му фрлиле вода од прозорец. После ова тој викал под балкон како мачка околу 5-10 минути. Исповедта се однесува на мјаукањето, иако фрлената вода веројатно се смета за олеснителна околност-оправдување за истото.

Огномет на затворено

Во 1890-та Монро Болингер активирал огномет или во или блиску факултетската зграда. Тој во својата белешка ветува дека веќе нема да го прави тоа, истовремено веројатно неповрзано со истото туку со некоја претходна опомена, дека нема да игра карти во својата соба. 

„Помеѓу другото“

Гај С. Кипер во 1895 признава дека купил јајца и им помогнал на две момчиња да ги стават во креветите на студентите, каде биле скршени. За овој „пренк“ г-дин Кипер добил 60 казнени поени (иако не знаеме дали е тоа многу или малку, ама звучи прилично). 

30 август 2024 - 15:39