Oва ни треба: јавен телефон со вицови

Некогаш вообичаена појава, денес јавните телефонски говорници или ги нема, или пак стојат во прашина и пајажина, просто од немукает некој да дојде и да ги отстрани. Но некој се сетил од овој ретро-артефакт да направи нешто корисно.

Чеви Чејс е населба во Вашингтон ди-си, каде во близина на едно основно училиште стои старовремски телефон на столпче. 

Но тоа не е обична јавна говорница. Како прво, за да го користите не ви треба паричка, бидејќи тој е бесплатен. Сè што треба да сторите е да ја кренете слушалката и да кликнете или на копче за виц или да зборувате со G.O.D. (Guy in Demand) доколку се појави некаков технички проблем.

Вицовите се поделени по категории и за различни возрасни групи, а има и посебна за интересни факти како „Дали знаете дека повеќето луѓе не можат да си ги лизнат лактите“. Во „телефонски именик“ закачен до апаратот има кратка историја на јавните говорници, за помладите кои никогаш во животот немаат видено такво нешто. 

Шегаџискиот телефон е дело на Дон Рутлиџ, наставник во блиското школо, кој живее преку улица. Тој го купил стариот телефон онлајн и неколку месеци работел на својот „проект“ - да им овозможи на минувачите на кои им треба малку разонода да слушнат нешто забавно. 

Постои и официјален сајт на телефонот со сериозно детална статистика. Меѓу другите бројки се вели дека тој има кажано над 12.000 вицови откако бил инсталиран во мај 2023, со тоа што „чук-чук“ категоријата (онаа со „чук-чук“ и прашање - кој чука?, по што следи шеговита опаска) е најпопуларниот избор.  

20 август 2024 - 09:05