„Tрапав, самозадоволен филм“. Вака наводно напишал критичар на списанието Војс кога излегол антологискиот „Кум“ на Френсис Форд Копола.
Овој цитат, за којшто се покажа дека е лажен, беше вклучен во трејлерот за долго најавуваниот филм на истиот режисер, „Мегалополис“ (за којшто претходно пишувавме тука). За него тој самиот брцна во својот очигледно длабок џеб, полн со заработени пари не толку од филмови, колку од неговиот бизнис со вино. Такви, негативно критички цитати во истото видео има и за другите дела на Копола, како „Апокалипса сега“ и „Дракула“.
Ова очигледно е направено за да се покаже дека овие филмови, кои биле негативно дочекани во времето на нивните премиери, сега се сметаат за класици, и дека „Мегалополис“ би можел да ја има истата судбина. „Генијалноста често е недоразбрана“, вели нараторот во трејлерот.
Ова најверојатно се должи на студениот прием на филмот кој својата светска премиера ја имаше во мај на Канскиот филмски фестивал. Всушност „студен“ е и нежен опис на реакции кои беа во опсег од „чуден“ до „пренапумпан“ и „расфрлан на сите страни“.
Сепак, студиото Лајонсгејт веднаш го повлече трејлерот и им се извини на критичарите чиишто имиња беа спомнати во него - некои од нив всушност големи фанови на Копола. Отпуштен е маркетинг консултантот Еди Еган, кој дури не ги ни смислил лажните цитати, туку тие биле наводно генерирани со ЧетГПТ.
Оригиналниот (сега повлечен) трејлер, додека не го избришат:
Видео со детали за целиот случај: