120 милиони долари сопствени пари на режисерот. 40 години продукција. Голем број најави, одложувања и откажувања. Филмот „Метрополис“, личен проект на режисерот на „Апокалипса сега“ и „Кум“, Френсис Форд Копола, почна да се составува во 1983 кога тој ја напишал првата верзија од сценариото. Сега, конечно, „Мегалополис“ ќе биде прикажан на Фестивалот во Кан во мај.
Во него играат Адам Драјвер, Џон Војт, Обри Плаза, Шиа ЛаБуф, Лоренс Фишбрн и Дастин Хофман, како и сестрата на Копола, Талија Шарј и неговиот внук Џејсон Шварцман.
Засега не се знае многу околку содржината, освен дека станува збор за епска приказна која покрива голем временски период, од древна историја до катаклизмична иднина и дека е полн со езотерија и необични концепти. Официјалниот синопсис е „приказна за политичка амбиција, генијалност и конфликтна љубов“ во која „судбината на Рим го демне модерниот свет кој не може да си ги реши сопствените општествени проблеми.“
Во март филмот беше прикажан за потенцијални купувачи. Според реакциите, не сите биле воодушевени, а имало и посурови коментари од едно од студијата, како „Не е добар, беше жално да се гледа“. Засега филмот нема дистрибутер.