Bookbox

По нуклеарните тестирања за време на Студената војна, во арктичките региони се појавил сериозен и долгорочен проблем: радиоактивниот цезиум-137 се наталожил во ирвасите и карибуата, што поттикнало децении научни истражувања за нуклеарниот отпад и неговото влијание врз здравјето на луѓето.

Многумина мислат дека осаменоста е проблем на богатите општества, каде што луѓето, трчајќи по пари и успех, ги жртвуваат социјалните врски. Но истражувањата покажуваат дека тоа не е точно. Напротив, западните, индивидуалистички општества – каде што повеќе луѓе живеат сами и религијата има помала улога – во просек се помалку осамени. Ова го покажува нова студија чии резултати ги објавува Економист.

Кога се искачаше по подруми

„Едно време се разминувавме со брат ми и неговите другари во подрумот, идевме на смени. Ама набргу брат ми ми го „препиша“ и останавме да го 'владееме' сами. Се играа карти, цигари и алкохол секако, се слушаше музика... Не се сеќавам, ама мислам дека не носевме гитари долу. Тапаните на Сале, органата на Трендо, моето старо искрино радио што Стив го преправи у појачало, гитарата јолана што ја купив од Данчо Габорот.“

Не се 5 сетила туку 33

Поминуваме голем дел од денот приковани пред екрани и најчесто ги занемаруваме сетилата освен видот и слухот. Но тие никогаш не престануваат да работат. Кога сме повнимателни, ги чувствуваме грубите и мазните површини околу нас, напнатоста во рамената, мекоста на лебот под прстите.

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Париз веќе речиси два века е познат како „Градот на светлината“, симбол на Просветителството и технолошкиот напредок. Но историјата речиси целосно заборавила една од најнеобичните и најубави примени на светлината во париското општество од крајот на 19 век – електричниот накит.

„АјХостиџ“: филм за заложничката криза во продавница на Епл во Амстердам

Инспириран од вистински настан од 2022, филмот ги опишува неколкуте часови на неизвесност, откако вооружен маж влегува во продавница на Епл во Амстердам и бара 200 милиони во биткојни за да го ослободи заложникот. 

Мартин Скорсезе најавува документарец кој ќе го вклучи последното интервју на Папата

„Алдеас: нова приказна“ ќе ја истражува работата на организацијата која понтифот ја основал за да ги поврзе младите луѓе низ светот.

Букбокс гледаше: „Невести“ (2004)

Грчкиот филм на Пантелис Вулгарис, врз основа на историски автентичен случај, ја раскажува приказната за „нарачаните невести“, кои патуваат со брод до Америка, за таму да стапат во брак со мажи кои ги имаат видено само на слика. 

Необична фраза почнува да се појавува во научни статии - зошто?

Сте чуле за „вегетативна електронска микроскопија“? Вака звучи некако учено, но изразот нема никаква смисла. Па сепак, таа не само што се вовлекла некако во онлајн содржините, туку сега е тешко да се избрка од таму.

Омилената кафана на Гете и Шуман полни 500 години

Теологот Мартин Лутер, композиторот Роберт Шуман и писателот Гете - сите тие биле редовни гости во визбата на славен ресторан во Лајпциг. Што го прави толку посебен?

Мувата-миленик на римскиот поет Вергилиј

Публиј Вергилиј Марон, најзначајниот преставник на римската поезија и автор на епот „Енеида“, имал необично другарче - со крила. Кога „другарчето“ починало, за него наводно организирал екстравагантен погреб. Звучи лудо, но за сето ова имало практична причина.

Букбокс гледаше: „Објаснување за сè“ (2023)

Матурски државен испит во Унгарија. Ученик кој не може да се концентрира на учењето за индустриската револуција и за времето на Цезар, бидејќи е заљубен. И национален скандал поради негово паѓање по предметот историја, кој открива длабоки поделби во унгарското општество.

Шпанското село врз кое паднале американски атомски бомби

Годината е 1966. Врз жителите на инаку мирното шпанско село Паломарес од ведро небо, по судир на американски бомбардер и исто така американски авион-танкер, паѓаат „загубени“ атомски бомби. До денес регионот не е исчистен од радиоактивност. 

Зошто папите ги менуваат своите имиња?

Со векови, мажите кои ја преземале врховната функција во католичката црква си ги задржувале родените имиња. Тоа се променило со папата Јован Втори.

Лик од старогрчката митологија ран пример на вештачка интелигенција?

Талос, митолошкиот „автоматон“, е опишан како некој кој „мисли како човек“ и покажува човечки карактеристики. Значи - нешто како денешната ВИ.

Доминик Сеса и Антонио Бандерас ќе глумат во биографскиот филм за Ентони Бордејн

Ѕвездата на „Холдоверс“, Доминик Сеса, ќе го игра славниот готвач, а Бандерас ќе се појави во засега непотврдена улога. Интересно е што филмот нема воопшто да се занимава со кулинарскиот дел од животот на Бордејн.

Британски уметник ја произведе досега „невидената“ боја и ја продава за ниска цена на уметници

Стујарт Семпл продава едно шишенце од извиканата боја - онаа смарагдната за која група истражувачи кои неодамна објавија дека ја создале велат дека не може да се направи без сложени технолошки процеси и истражување. Изгледа дека може, само не им одговара да ги немаат правата за истата. 

Од историјата на козметиката: арсен за прозрачен тен

„Ако сакате прозрачен, свеж тен без бемки, црвенила, дамки или бубуљици купете ги безбедните таблети или сапунчињата за лице, обете произведени врз база на арсен“, гласела американска реклама од крајот на 19 век. За само 1 долар по кутија или 50 центи по сапун, долгорочно навистина сте можеле да имате блед, до ептен блед тен. 

Седе ваканте: хаосот што се случувал по смртта на папа

Во 16 и 17 век смртта на папата резултирала со нешто што може да се нарече ватикански „Див запад“, од уништување на статуи на поранешни папи до вооружено насилство на улиците. До прогласувањето нов папа требало да се издржи. Или добро да се вложат парите во обложувалници. 
 

Академијата пресече: филмови направени со ВИ можат да се кандидираат за Оскари

Вчера, 21.4., Академијата на филмски уметности и науки издаде нови правила кои барем за некое време ќе ги сопрат расправиите од типот „не заслужува Оскар затоа што зборува со подобрен унгарски акцент поради ВИ“. Само, каде е крајот?

Букбокс читанка: „Орбитaлно“ од Саманта Харви

Лебдењето во вселената во меланхолична атмосфера на спомени, гледање на нештата од високо при постојано орбитирање околу она што го нарекуваме „дом“ е одличен контекст за филозофски размисли за смислата на животот и пар тривија за секојдневието на астронаутите. Дали во овој роман награден со Букер има и нешто повеќе од ова? Па...не баш.

Волшебникот од Оз: пронајдена боја која никој ја нема видено претходно?

„Премачкан со сите бои“ велиме за човек што се снаоѓа во секоја ситуација и плива со секаква политичка гарнитура. Сега во таа палета ќе треба изгледа да се додаде уште една.

Букбокс интервју со Андреј Цветановски по премиерата на „Црно семе“: „Ако ние не ги раскажеме нашите приказни, нема да има кој“

Премиерата на „Црно семе“ во Битолскиот народен театар се совпаѓа со две годишнини: 100 години од издавањето на Абецедарот, букварот на македонски јазик отпечатен во Атина во мај 1925 на лерински народен говор и 90 години од раѓањето на Ташко Георгиевски. Со режисерот Андреј Цветановски зборуваме за истовремената универзалност, но и посебноста на трагичната судбина на ликовите, кои на Садизмот и Бескрупулозноста одговараат со Чистота и Истрајност.

Фрлени на диви животни: казни за одбегнувачи на даноци во древен Рим

Неодамнешно дешифрирање на папирус покажува колку биле строги санкциите кон оние што правеле дубари сакајќи да ги одбегнат обврските кон државата во древен Рим. Човек два пати да помисли дали да се впушта во такви авантури. 

Човечки синџир од 300 луѓе успеа да пресели цела книжарница

Во знак на поддршка на малите бизниси, но и како показна вежба за сплотување на заедницата, граѓани на Челси, Мичиген направија преселба на куп книги со едноставен но ефикасен гест. 

„Само површинска рана“: 50 години од „Монти Пајтон и светиот грал“

Тројански зајаци, витези што викаат „ни!“, дебата за тоа дали ластовиците се доволно силни за да носат кокосови ореви и модерен историчар кој тук и таму упаѓа за да коментира пред да биде брутално заклан од витез-минувач. Само што го пишуваме ова па ни е смешно, исто како по кој знае кој пат да го гледаме филмот.

Град во Јапонија направи игра со карти слична на Покемон во која ликови се повозрасните жители

Веројатно знаете за Покемон, вистинската (онаа со физички карти а не со апликација на телефон), која им овозможува на играчите да собираат карти, да прават шпилови и да се борат со лик на своето омилено чудовиште. И ако сте фан, веројатно посакувате да имате персонализирана картичка, само за вас. На жители на еден јапонски град ова сега им успеева. 

Кое е потеклото на зборот „тарифа“?

Според Дигиталниот речник на македонски јазик, тарифа е именка од женски род која означува систем од норми за плаќање на нешто - такса, награди и сл. Иако во моменто е актуелен во контекст на мерките на Трамп, зборот звучи некако ориентално, нели?

Предлог Оскарот за најдобар дизајн на каскадерски сцени да се вика „Том Круз“

Академијата за филмски уметности и науки објави дека од 2027 ќе почне да доделува Оскар за најдобар каскадерски дизајн. Веднаш тргнаа предлози за нејзиното име.