„Збогум оружје“ на Хемингвеј, „Врева и бес“ на Фокнер и есејот „Сопствена соба“ на Вирџинија Вулф се меѓу книжевните дела кои во 2025-та се ослободуваат од авторски права. Во областа на филмот тука се првите звучни филмови со Мики Маус, на браќата Маркс, Хичкок и Џон Форд. Во јавен домен влегуваат и оригиналниот Попај и ликовите од Тинтин.
Музички, годината е богата, бидејќи ќе бидат достапни „Американец во Париз“ на Гершвин, „Болеро“ на Равел и мелодијата „Пеејќи на дождот“.
Од областа на уметноста, 1920-тите се години на надреализмот. Така, во јавен домен влегуваат најмалку три дела на Салвадор Дали, кои тој ги создал откако се преселил во Париз. Иако би требало да спаѓа во оваа група, „Измамата на сликите“ (попознатата како „Ова не е луле“) на Магрит изгледа дека нема да биде ослободена од авторски права оваа година. „Изгледа“ бидејќи законите за авторски права понекогаш имаат и сиви зони, па така не е јасно дали дело создадено во 1929, но неизложено до 1933, е или не е ослободено од авторски права. Генералниот став е дека ако било создадено претходно но останало само во атељето на уметникот, тоа не се важи.
Како и да е, списокот е доволно богат и овозможува креативни препрочитувања во годините што следат.