Bookbox

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

Белото знаме денес е универзален симбол на предавање, примирје и желба за прекин на борбите. Го гледаме во филмови, книги и историски реконструкции. Неговата употреба датира уште од пред повеќе од две илјади години, а причината поради која токму белата боја станала знак на капитулација е многу попрактична отколку што би се очекувало.

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Во моментов во светот класичните филолози, благодарение на новата екранизација на древниот еп, ги живеат своите (или ворхоловите) пет минути, кои кој знае кога пак ќе се повторат. Сведочевме дури и јавни препукувања (како она помеѓу преведувачката на „Одисеја“ на англиски Емили Вотсон и писателката Џој Керол Оутс), во кои не изостанаа и политички тонови. Нашата академска средина не е до толку возбудена по ова прашање, но професорката Даниела Тошева од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет се согласи, специјално за Букбокс, да ги пренесе своите впечатоци за филмското дело произлезено од трпезата на Хомер, од која - еве - уште има да се мези.

Од богот Пан до паника

Голем број зборови што секојдневно ги користиме имаат корени во античката митологија. Еден од нив е и зборот „паника“, чија историја нè води до богот Пан – заштитникот на дивата природа, овчарите и планините. Старите Грци верувале дека токму тој е виновен за ненадејниот страв што ги обзема и луѓето и животните, а тоа верување оставило трага и во современиот јазик.

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Необична епизода од историјата на картографијата – приказна за измислените населби што картографите намерно ги внесувале на своите карти за да ги заштитат од плагијат, но и за еден „град на хартија“ што со текот на времето навистина станал дел од реалноста.

Љубов ли е ова или лимеранца?

Како што човек старее и зрее, така би требало да созрева и начинот на којшто тој формира и одржува романтични врски. Но кај некои луѓе чувството на интензивно заљубување никогаш не престанува. И тоа не е толку романтично колку што звучи.

„Белиот меч“ (документарен, 2012)

Филм за човек кој поради генетско нарушување го загубил видот, но не се откажал од тоа да работи на својата самодоверба и вештини. Со помош на посветени учители, почнал да тренира аикидо, а сега самиот подучува други слепи лица како да се одбранат доколку бидат физички нападнати. 

Човекот кој правел накит за сиромашните

Во Сараево во 2018 излезе книга на Предраг Финци, „За книжевноста и писателите“. Во неа тој со кратки текстови се осврнува на дури 123 автори. Меѓу другото наведува и една вињета за Бертолд Брехт.

Овој книжевен осврт го има напишано робот

Кога критичарот на Њујорк Тајмс седнал да пишува рецензија за нова книга за вештачка интелигенција, на памет му паднала интересна идеја - а што па тој да се мачи, кога за него работата може да ја заврши машина?

Дали животните се заљубуваат?

Знаеме дека животните се парат, воспоставуваат емоционални врски и понекогаш заеднички го одгледуваат потомството. Но дали чувствуваат љубов онака како што ја сфаќаме ние, луѓето?

„Вени на светот“ (2020)

Колку често имаме прилика да видиме монголски филм, да го слушнеме јазикот и да го впиеме широкиот пејзаж во којшто живеат номадските народи во оваа земја? Во јуртите е топло и безбедно, но среде непрегледните пасишта се појавуваат странски компании и диви копачи на злато кои се закануваат да го уништат традиционалниот начин на живот, и животот воопшто.

Човекот кој го собори рекордот за престој под земја

Се викал Милутин Вељковиќ и доброволно бил соѕидан во пештерата Самар кај Сврљиг, Србија, од јуни 1969 до крајот на септември 1970.

Во древен Рим носењето траорна облека било чин на политички отпор

Кога некој во римскиот Сенат сакал да влијае врз јавното мислење и да изрази отпор кон некаква одлука, тој и неговите сојузници ги соблекувале вообичаените, и облекувале валкани и ветви тоги што се правело и при тажење за починат. 

Шпанците бараат муабет пред кооперација да влезе на листата на културно наследство на УНЕСКО

Гратчето Алгар има околу 1400 жители, кои по напорниот работен ден си седнуваат пред куќа или пред локалниот дуќан и се релаксираат низ заеднички разговор и дружба. Сега бараат оваа традиција да се заштити, како „спротивна на социјалните медиуми“.

Генетика, привилегија или нешто трето?: тајните на славните семејства

Под „славни“ не секогаш се подразбираат богати и привилегирани семејства, иако тоа е еден од елементите коj на нивните членови им обезбедува поголема шанса за образование и негување на талентите. Но за да ги негуваш талентите треба и да ги имаш.

„За грст долари“: стариот вестерн е синхронизиран на јазикот навахо

Славниот филм на Клинт Иствуд е најновиот кој е синхронизиран на јазикот на народот Навахо, после „Војна на ѕвездите“ и „Барајќи го Немо“.

Лекција по откачување со стил: писмото на Волт Витман до обожавателка 

Славните личности низ историјата (а сигурно и денес) знаат да бидат арогантни па дури и ужасно нељубезни кога треба да се откачат од некој што ги опседнува со внимание и пораки. Но други можат да послужат како пример како тоа се прави - со такт и со стил.

Шестмината Кинези кои го преживеале Титаник

Кога луксузниот британски патнички брод потонал во Атлантскиот океан во април 1912, илјадници луѓе се нашле во студените води. Но она што вообичаено пропуштаат да го спомнат сериите, филмовите и мејнстрим историјата за овој настан, е дека катастрофата ја преживеале шестмина млади Кинези, за кои сега е снимен нов документарец.

Лена: најкористената дигитална слика во историјата

Во ноемвриското издание на Плејбој од 1972 има дуплерица во боја, на која убава девојка со шапка заводливо гледа накај камерата. Скоро педесет години подоцна, таа се уште се користи за тестирање алгоритми за процесирање слики. Вистинската Лена сега вели - време е да ја пензионирате.

Букбокс читанка: „Како да го запреш времето“ од Мет Хејг

Роман за човек кој страда од „анагерија“ - старее побавно од обичните луѓе. Тоа, колку и да звучи како благослов, е всушност клетва - бадијала другарувањата со Шекспир или патувањата со капетан Кук, кога не може да остане со онаа која ја сака.

Кој бил вистинскиот Раскољников?

Славното дело на Достоевски, „Злосторство и казна“, објавувано во делови во Санкт Петерсбург во 1866, било делумно инспирирано од сензационалистичката сторија за еден париски убиец-поет чие судење писателот опсесивно го следел.

Мислите ли дека од вашиот живот би се направил добар роман?

Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.

„Малку веројатниот убиец“ (мини серија, 2021)

Оние повозрасните се сеќаваат на атентатот врз шведскиот премиер од 1986. Сепак, секој од нив запамтил нешто поинакво за тоа кој е убиецот - ништо чудно со оглед на бројот на теории, секоја со доза на веројатност. Но помеѓу сите сомнежи за вмешаност на ЦИА, југословенското разузнавање, Курдите и јужноафриканските поддржувачи на апартхејдот, имало еден човек кој изгледа е најверојатниот, а малку веројатен убиец.

„Пијаната жена е ко улава свиња“: нова книга за жените и алкохолот

Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.

Филмската индустрија не може да се насити од книги за адаптирање

Секоја година, поради стриминг платформите, постои огромна глад за нови и нови содржини кои би можеле да се адаптираат за филм. Голема шанса за писателите - само за кои?

Од работничка до кралица: разликата да ти била во само еден протеин

Повеќето мравки ги минуваат своите животи поддржувајќи ја колонијата и својата кралица, родени да играат одредена улога. Но кога кралицата ќе умре, тие имаат ретка можност да се борат за нејзината позиција. Сега научниците открија мала промена во еден единствен протеин, кој може да одреди дали некои мравки ќе останат работници или ќе се качат на највисокото скалило на хиерархијата, станувајќи „владетели“.

200 години од раѓањето на Достоевски: македонски прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј

На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од  селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази. 

Зошто луѓето оставаат компири на гробот на Фридрих Велики?

Кралот на Прусија, кој владеел во текот на 18 век, е познат по повеќе нешта. Неговите победи на бојното поле ја направиле Прусија една од водечките европски сили, а неговата поддршка на уметниците придонела за процут на сликарството и книжевноста во време на просветителството. Сепак најважно за народот било тоа што го промовирал - компирот.

Експеримент: актери ќе глумат во три претстави истовремено

Нова, амбициозна трилогија претстави подразбира дека актерите ќе трчаат за да стигнат во три театри, за да играат во три претстави истовремено.