
Три века откако Џон Лок ја изнел својата визија на либерализмот, на Твитер осамна негово поинакво „филозофско“ дело - рецепт за палачинки.
Мерките се британски но оригиналниот текст оди отприлика вака: слатка павлака, брашно, 7 јајца, од кои треба да се издвојат 4 од белките. Добро изматете ги јајцата. Потоа ставете го брашното и мешајте петнаесет минути (?!). Додадете уште шест лажици од павлаката, и продолжете со мешањето. Следуваат стопен путер, рендано морско оревче и малку вода од портокалов цвет (хм...). Пржете без путер. „Ова е вистинскиот начин“, завршува рецептот.
Интересно е што во оригиналниот рецепт има неколку чкртки односно корекции, па така „четири јајца“ станале 7, а белките од 2 станале четири.
Познавачите на раните модерни палачинки ги опишуваат овие на Лок како „малку попуфкасти и помрсни од класичната француска палачинка“. Стилски, последната реченица се издвојува по својата реторика. „Ова е вистинскиот начин“ можеби значи дека Лок не признавал друг концепт на палачинка, колку и да бил...либерален.
Ако ви текне да ги правите, рецептот во поразбирлива форма го има на блогот „Готвење во архивите: рани модерни рецепти (1600-1800) во современата кујна“.