Приказната почнува со извесен Ѓоко кој во 18 век живеел во Kатунска нахија, на Цетиње. Во 1730 во пресметка убива турски ага, па бегајќи од одмазда се пакува и оди во Никшиќ, под планината Војник. Ѓоко се жени, од синовите му станува само Шако-Шаин. Во усменото предание е забележано дека Шаин бил физички „надарен“, па го нарекле Шаинкурајца.
Синот на Шако, исто така единствен преживеан од потомството, добива име по дедото - Ѓоко. Но не само името, туку и презимето. Од тогаш до денес сите во тоа семејство се презиваат Ѓоковиќ. Ѓоко Шаков имал три деца, а помеѓу нив и еден внук. Новак.
Toкму по овој роднина го добил името и денес најпознатиот Новак во светот. Но не дека и неговиот предок немал интересен живот. За него сведочи каталог од проект и изложба организирани од страна на Факултетот за дигитални уметности при Универзитетот Метрополитан во Белград во 2014 на тема „Првата светска војна во семејните албуми“.
Во поглавјето „семејни херои и херои на војната“ студентка на овој факултет, Милена Ѓоковиќ, и правнука на стариот Новак, пренесува фотографија од човекот кој неодоливо потсетува на тенисерот, како и неговиот иселенички документ (еден вид пасош) кој го користел кога на заминувал и се враќал од Америка.
Прв пат заминал во САД во 1905 и работел во Чикаго како шеф на смена во рудник. Во документот се гледа дека таму пристигнал преку пристаништето Бремен, каде по грешка е запишан како „Повак“. Иако печалбата добро му одела, на два пати ја прекинал за да се бори најпрвин во Првата балканска војна (на Скадарскиот фронт 1912-1913) против Турците, а потоа учествувал и во Првата светска војна, против Австроунгарија.Во 1916 повторно се враќа во Америка така што во Котор се качува на брод како слеп патник.
Втор пат се вратил и никогаш повеќе не заминал за да се бори на Солунскиот фронт. Како што се наведува во текст објавен во Недељник новине тој потоа е избран е за судија-поротник на окружниот суд во Никшиќ и подоцна за претседател на партизанскиот одбор на востанието во 1941 од неговиот крај.