Bookbox

Во време кога сè се случува сè побрзо, во еден средновековен храм во Германија веќе четврт век се изведува најбавниот музички концерт во светот. Делото на авангардниот композитор Џон Кејџ е замислено да трае неверојатни 639 години, а секоја промена на акорд претставува вистински историски настан што привлекува посетители од целиот свет.

Белото знаме денес е универзален симбол на предавање, примирје и желба за прекин на борбите. Го гледаме во филмови, книги и историски реконструкции. Неговата употреба датира уште од пред повеќе од две илјади години, а причината поради која токму белата боја станала знак на капитулација е многу попрактична отколку што би се очекувало.

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Во моментов во светот класичните филолози, благодарение на новата екранизација на древниот еп, ги живеат своите (или ворхоловите) пет минути, кои кој знае кога пак ќе се повторат. Сведочевме дури и јавни препукувања (како она помеѓу преведувачката на „Одисеја“ на англиски Емили Вотсон и писателката Џој Керол Оутс), во кои не изостанаа и политички тонови. Нашата академска средина не е до толку возбудена по ова прашање, но професорката Даниела Тошева од Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет се согласи, специјално за Букбокс, да ги пренесе своите впечатоци за филмското дело произлезено од трпезата на Хомер, од која - еве - уште има да се мези.

Од богот Пан до паника

Голем број зборови што секојдневно ги користиме имаат корени во античката митологија. Еден од нив е и зборот „паника“, чија историја нè води до богот Пан – заштитникот на дивата природа, овчарите и планините. Старите Грци верувале дека токму тој е виновен за ненадејниот страв што ги обзема и луѓето и животните, а тоа верување оставило трага и во современиот јазик.

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Необична епизода од историјата на картографијата – приказна за измислените населби што картографите намерно ги внесувале на своите карти за да ги заштитат од плагијат, но и за еден „град на хартија“ што со текот на времето навистина станал дел од реалноста.

Романот кој се состои од само две реченици

„Рајски порти“ е книга на полски писател, објавена во 1960. Иако содржи 40.000 зборови, во целиот роман има само две реченици, речиси без интерпункција. 

Малку поинакви „левичари“ и „десничари“

Инсектите кои на англиски се познати како „ирвигс“ (уволази) од семејството дермаптери, или инсекти со кожести крила, препознатливи по парот закривени „клешти“, се предмет на истражување на јапонски научник, кој се фокусира на нивните сексуални ритуали. Мажјаците имаат два пениса, но некои од нив го користат само левиот а други само десниот, е неговиот заклучок по две децении набљудувања и снимања на сиротите инсекти. 

Дејтинг „апликациите“ со кои Англичанките си наоѓале партнер во 19 век

Во Викторијанска Англија немало смарт телефони, но имало огласи за барање партнери во семејните списанија. Ги објавувале и мажи и жени, често со наведување на интимни детали за нивниот табиет и финансиска положба. 

„Незаборавна пролет во заборавено село“ (2019)

Нова национална стриминг платформа ни овозможи да погледнеме филм кој сме го пропуштиле, а и реално не би имале многу можности да го видиме освен на телевизија. Комедија со атрактивен синопсис - што се случува кога во едно забаталено село ќе пристигнат три проститутки?

Пред шекспировите Ромео и Јулија: Паоло и Франческа на Данте

Оваа година се навршија седум века од смртта на големиот фирентински поет, кој во своето епско дело „Божествената комедија“ спомнува италијански пар, осуден да гори во пеколот поради својата страствена љубов. 

Кога Микеланџело се пријавил на скулпторски натпревар и - загубил

Една од најславните скулптури на сите времиња во моментот кога била пронајдена во римско лозје имала оштетена рака. Папата понудил пари за некој да ја реставрира. Идејата на Микеланџело не била прифатена. Но потоа излегло дека бил во право.  

Што се тоа „тулпамансери“?

Во текот на пандемијата и карантините за многумина се актуелизираше проблемот на осаменоста и немањето со кого да прекршиш збор. Ако не си човек што вообичаено слуша внатрешни гласови, зошто да не ги создадеш намерно? 

Бремето врз нејзините раменици

Нова изложба во Етнографскиот музеј во Белград, организирана по повод 120 години од постоењето на оваа институција, е посветена на еден предмет за кој мислиме дека на македонски се вика кобилица, а на српски е обрамец или кобилка. Навидум банална тема, но преку неа се истражуваат начините да се опстане и да се совлада и физичкото и, симболично, секое друго бреме.

Јужноафрикански автор добитник на Букеровата награда за 2021

Трета-среќа за Дејмон Галгaт, кој престижната награда ја доби вчера (3.11) за романот „Ветување“.

Дали родителството те прави среќен?

Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.

Луѓето со необични внатрешни гласови

Прашани каков внатрешен глас слушаат кога си зборуваат самите со себе луѓето најчесто велат - сопствениот. Но има и такви кои признаваат дека во главата им се врти монолог кој како да се прикажува на телевизија, или како да доаѓа од подрум. А замислете тоа да е пар кој постојано се кара меѓусебно?

Животните кои можеби ќе постојат за милион години

Стаорци-китови кои живеат под вода. Богомолки со големина на кучиња. Научниците се обидуваат да ја замислат идната еволуција на животот на Земјата.
А човекот? Што човекот?

Пропаганда од Втората светска војна според која морковите овозможуваат гледање во темница

Денес науката е согласна дека морковите, поради високата доза витамин А (во форма на бета каротин) се добри за очите. Но има мала разлика помеѓу „ок е“ и „има супер-моќи“. Оваа финеса послужила за сојузничка пропаганда во текот на Втората светска војна.

Франција воведува закони за заштита на своите книжарници од Амазон

За време на трите строги карантини во Франција, владата ги поддржа малите книжарници со тоа што им ги надомести трошоците за транспорт за онлајн нарачки и на тој начин спаси од пропаѓање 70% од нив. Но сега ќе оди и чекор понатаму.

Универзитетската професорка која со години живеела во шатор

Високото образование на глобално ниво е обвиено во мит на престижност и добра ситуираност. Речиси е невозможно да се убеди некој вон академската заедница дека вистината е поинаква. Некогаш и многу поинаква.

„Стиховите“: нова книга на Пол Мекартни

Во два тома, убаво спакувана во кутија, и скоро 1000 страници, новата книга на Пол Мекартни се состои од сите стихови на песните кои тој ги напишал во текот на самостојната кариера и со Битлси, но и приказни за секоја од нив.

Речникот Меријам-Вебстер само за октомври додаде 455 нови зборови

Пандемијата ја засили комуникацијата онлајн, па лексикографите (се мисли на оние кои будно следат и ги регистрираат динамичните промени) имаат полни раце работа.

„Лигња“ - нова криптовалута инспирирана од Сквид Гејм

Веднаш по веста дека на пазарот на криптовалути излезе нова под името Сквид, нејзината цена порасна од 1 цент (на 26.10) на 2,34 долари (денес, 29.10). Се проценува дека нејзиниот вкупен обем на пазарот е околу 184 милиони долари. 

Контроверзи на Франкфуртскиот саем на книга поради присуство на радикално десничарски издавач

Најголемиот саем на книгата во Европа привлече внимание не (толку) поради некој нов наслов или присуство на популарен писател во Франкфурт, туку поради штанд на издавач за кои некои велат дека е водач на германска радикално десничарска група.

Човекот кој успеа да го отвори сефот на Принс

Се вика Деј МекОми, прескромен човек и професионалец, кој специјализира во отворање нешта кои никој друг не може да ги отвори. Помеѓу сите предизвици во текот на неговата кариера, еден бил исклучителен, и тоа не само поради сопственикот на сефот.

Скандалот околу новопронајдените дела на Селин

Денес се смета за еден од најзначајните француски писатели на 20 век. Но неговиот потврден антисемитизам при крајот на Втората светска војна го принудил да избега од земјата, оставајќи зад себе куп ракописи. Сега тие се предмет на судски спор и на медиумски скандали.

Солнченце захаја (документарен, 2020)

Како би се чувствувале ако некој ви каже дека „Ав, ав Шарко лае“ не е за куче? Или дека не постои воз за Кочани (кој носи деца помочани)? Излажани. Разочарани. Зачудени? Токму тој ефект го има овој филм за оние растени во поранешна Југославија со една словенечка, народна песна. 

Во 19 век на Гибралтар преживеаните од жолта треска користеле „пасоши“ за да го докажат својот имунитет

Реакцијата на епидемијата на „жолта треска“ на Пиринејскиот полуостров од 19 век е многу слична на она што се случува денес. Што не е баш комплимент за тоа колку напреднале методите за справување со заразните болести. 

100 нешта кои ги загубивме поради интернет: во слава на неуспешните фотографии

Денес е реткост човек да види лоша слика. Дури и кога нема да се погоди, таа веднаш се брише. Зошто ни е нешто помалку од совршено?