Bookbox

Покрај малиот број автори кои „успеваат во животот“ и можат не само да се издржуваат туку и добро да печалат од својата работа, мнозинството кои пишуваат затоа што не можат а да не го прават тоа работат нешто друго во таканаречениот секојдневен живот. Голем број од нив биле толку сиромашни што да можат да се разбудат денес би се чуделе што во меѓувреме нивните книги станале класици.

Ретко ни се случува да не знаеме како да почнеме осврт, но тоа обично е добар знак - дека нештото е повеќеслојно, тешко за доловување низ рационалните алатки на текстот и такво кое мора самиот да го видиш за да сфатиш за што воопшто станува збор. Со тазе изгледана последна епизода од нешто што и не веруваме дека би имало следна сезона, почетокот би можел да гласи - догледајте го ова и покрај тоа што на моменти ќе сакате да го од-видите.

Ај нафта, ама што значи ако снема хелиум?

Војната во Иран и затворањето на Ормускиот теснец го нарушија глобалниот синџир на снабдување со нафта и гас, што директно влијае врз бројни индустрии – од производство на ѓубрива до пластика и алуминиум. Еден помалку очигледен, но многу важен ресурс што се најде во фокусот е хелиумот.

Хиени и жаби: Стив Коупленд од „Полис“ со нов албум со звуци од дивината

Вчера, 20.04., излезе албумот „Див концерт“, кој балансира на граница меѓу звукот, науката и екологијата. Во центар на оркестарска композиција се гласови на животни. Но тој не е замислен само како експериментална форма, туку и како силна порака за кревкоста на животната средина и итноста од нејзино зачувување.

На 98 почина Дезмонд Морис, авторот на бестселерот „Голиот мајмун“

Зоолог, писател, уметник и ТВ водител, Дезмонд Морис при крајот на 1960-тите стана еден од првите бестселер автори на научно-популарна литература во која ги застапуваше своите социо-биолошки теории. Накратко - дека луѓето и не се толку различни од мајмуните, освен во влакнестоста.  

Мислите ли дека од вашиот живот би се направил добар роман?

Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.

„Малку веројатниот убиец“ (мини серија, 2021)

Оние повозрасните се сеќаваат на атентатот врз шведскиот премиер од 1986. Сепак, секој од нив запамтил нешто поинакво за тоа кој е убиецот - ништо чудно со оглед на бројот на теории, секоја со доза на веројатност. Но помеѓу сите сомнежи за вмешаност на ЦИА, југословенското разузнавање, Курдите и јужноафриканските поддржувачи на апартхејдот, имало еден човек кој изгледа е најверојатниот, а малку веројатен убиец.

„Пијаната жена е ко улава свиња“: нова книга за жените и алкохолот

Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.

Филмската индустрија не може да се насити од книги за адаптирање

Секоја година, поради стриминг платформите, постои огромна глад за нови и нови содржини кои би можеле да се адаптираат за филм. Голема шанса за писателите - само за кои?

Од работничка до кралица: разликата да ти била во само еден протеин

Повеќето мравки ги минуваат своите животи поддржувајќи ја колонијата и својата кралица, родени да играат одредена улога. Но кога кралицата ќе умре, тие имаат ретка можност да се борат за нејзината позиција. Сега научниците открија мала промена во еден единствен протеин, кој може да одреди дали некои мравки ќе останат работници или ќе се качат на највисокото скалило на хиерархијата, станувајќи „владетели“.

200 години од раѓањето на Достоевски: македонски прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј

На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од  селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази. 

Зошто луѓето оставаат компири на гробот на Фридрих Велики?

Кралот на Прусија, кој владеел во текот на 18 век, е познат по повеќе нешта. Неговите победи на бојното поле ја направиле Прусија една од водечките европски сили, а неговата поддршка на уметниците придонела за процут на сликарството и книжевноста во време на просветителството. Сепак најважно за народот било тоа што го промовирал - компирот.

Експеримент: актери ќе глумат во три претстави истовремено

Нова, амбициозна трилогија претстави подразбира дека актерите ќе трчаат за да стигнат во три театри, за да играат во три претстави истовремено. 

Романот кој се состои од само две реченици

„Рајски порти“ е книга на полски писател, објавена во 1960. Иако содржи 40.000 зборови, во целиот роман има само две реченици, речиси без интерпункција. 

Малку поинакви „левичари“ и „десничари“

Инсектите кои на англиски се познати како „ирвигс“ (уволази) од семејството дермаптери, или инсекти со кожести крила, препознатливи по парот закривени „клешти“, се предмет на истражување на јапонски научник, кој се фокусира на нивните сексуални ритуали. Мажјаците имаат два пениса, но некои од нив го користат само левиот а други само десниот, е неговиот заклучок по две децении набљудувања и снимања на сиротите инсекти. 

Дејтинг „апликациите“ со кои Англичанките си наоѓале партнер во 19 век

Во Викторијанска Англија немало смарт телефони, но имало огласи за барање партнери во семејните списанија. Ги објавувале и мажи и жени, често со наведување на интимни детали за нивниот табиет и финансиска положба. 

„Незаборавна пролет во заборавено село“ (2019)

Нова национална стриминг платформа ни овозможи да погледнеме филм кој сме го пропуштиле, а и реално не би имале многу можности да го видиме освен на телевизија. Комедија со атрактивен синопсис - што се случува кога во едно забаталено село ќе пристигнат три проститутки?

Пред шекспировите Ромео и Јулија: Паоло и Франческа на Данте

Оваа година се навршија седум века од смртта на големиот фирентински поет, кој во своето епско дело „Божествената комедија“ спомнува италијански пар, осуден да гори во пеколот поради својата страствена љубов. 

Кога Микеланџело се пријавил на скулпторски натпревар и - загубил

Една од најславните скулптури на сите времиња во моментот кога била пронајдена во римско лозје имала оштетена рака. Папата понудил пари за некој да ја реставрира. Идејата на Микеланџело не била прифатена. Но потоа излегло дека бил во право.  

Што се тоа „тулпамансери“?

Во текот на пандемијата и карантините за многумина се актуелизираше проблемот на осаменоста и немањето со кого да прекршиш збор. Ако не си човек што вообичаено слуша внатрешни гласови, зошто да не ги создадеш намерно? 

Бремето врз нејзините раменици

Нова изложба во Етнографскиот музеј во Белград, организирана по повод 120 години од постоењето на оваа институција, е посветена на еден предмет за кој мислиме дека на македонски се вика кобилица, а на српски е обрамец или кобилка. Навидум банална тема, но преку неа се истражуваат начините да се опстане и да се совлада и физичкото и, симболично, секое друго бреме.

Јужноафрикански автор добитник на Букеровата награда за 2021

Трета-среќа за Дејмон Галгaт, кој престижната награда ја доби вчера (3.11) за романот „Ветување“.

Дали родителството те прави среќен?

Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.

Луѓето со необични внатрешни гласови

Прашани каков внатрешен глас слушаат кога си зборуваат самите со себе луѓето најчесто велат - сопствениот. Но има и такви кои признаваат дека во главата им се врти монолог кој како да се прикажува на телевизија, или како да доаѓа од подрум. А замислете тоа да е пар кој постојано се кара меѓусебно?

Животните кои можеби ќе постојат за милион години

Стаорци-китови кои живеат под вода. Богомолки со големина на кучиња. Научниците се обидуваат да ја замислат идната еволуција на животот на Земјата.
А човекот? Што човекот?

Пропаганда од Втората светска војна според која морковите овозможуваат гледање во темница

Денес науката е согласна дека морковите, поради високата доза витамин А (во форма на бета каротин) се добри за очите. Но има мала разлика помеѓу „ок е“ и „има супер-моќи“. Оваа финеса послужила за сојузничка пропаганда во текот на Втората светска војна.

Франција воведува закони за заштита на своите книжарници од Амазон

За време на трите строги карантини во Франција, владата ги поддржа малите книжарници со тоа што им ги надомести трошоците за транспорт за онлајн нарачки и на тој начин спаси од пропаѓање 70% од нив. Но сега ќе оди и чекор понатаму.

Универзитетската професорка која со години живеела во шатор

Високото образование на глобално ниво е обвиено во мит на престижност и добра ситуираност. Речиси е невозможно да се убеди некој вон академската заедница дека вистината е поинаква. Некогаш и многу поинаква.

„Стиховите“: нова книга на Пол Мекартни

Во два тома, убаво спакувана во кутија, и скоро 1000 страници, новата книга на Пол Мекартни се состои од сите стихови на песните кои тој ги напишал во текот на самостојната кариера и со Битлси, но и приказни за секоја од нив.