„Ме слушаш ли?“ - 125 години од првата радио порака

На 13 мај 1897 Гуљелмо Маркони ја испратил првата радио порака по воздушен пат, додека бил на посета на приморско одмаралиште во Сомерсет, Британија. Тоа било експеримент кој подоцна спасил стотици животи и го променил начинот на кој светот комуницира.

Во мај 1897 Маркони дошол во Англија, поточно во приморско одморалиште во Сомерсет, со план да изведе експеримент кој самиот го нарекол „телеграфија без жици“, денес нам познато како радио.

Првично се интересирал за контактирање бродови, но неговата работа довела до револуција во комуникациите - го трасирала патот за радио и телевизиските преноси кои денес ги земаме здраво за готово.

Зошто Италијанецот дошол во Британија за оваа цел? Краткиот одговор е дека не можел да заинтересира никого во родната земја за една ваква работа. Неговиот асистент, Џорџ Кемп, бил од Кадиф, па сугерирал дека Бристолскиот канал би било совршено место за да го направат тестот.

На 11 и 12 мај, тимот на Маркони поставиле преносител на Флет Холм, остров на средина на Ла Манш, и почнале да испраќаат пораки преку воздушните бранови.

Но ова се покажало како неуспешно. Член на тимот седел на спротивната страна на Каналот залудно чекајќи сигнал. 

На 13 мај нешто се сменило. Маркони испратил прилично неинвентивна, но практична историска порака - „МЕ СЛУШАШ ЛИ?“ и таа била добиена јасно и гласно. Почнале да ја менуваат локацијата, селејќи ја опремата во близина на првичната локација, но сигналот повторно стигнувал без проблем. 

Ова веднаш направило огромна разлика, особено при контактирањето на бродови на отворено море. Титаник, на пример, испратил сигнал за опасност од страна на Џек Филипс, вработен во компанијата Маркони, и иако тој самиот не се спасил сепак помогнал во спасувањето на многумина други. Иронично, но самиот Маркони за малку ќе се качел на бродот - му бил понуден билет за Титаник, но тој сепак се одлучил за друг брод, Лузитанија, три дена претходно. 

Два месеца по спомнатите експерименти, тој воспоставил компанија и бил еден од шесте основачи на Британската радиодифузна компанија во 1922. Нејзината прва лондонска радио станица била наречена 2ЛО, и емитувала програма од Маркони хаус, седиштето на компанијата.  

извор

13 мај 2022 - 16:46