На 13 мај 1897 Гуљелмо Маркони ја испратил првата радио порака по воздушен пат, додека бил на посета на приморско одмаралиште во Сомерсет, Британија. Тоа било експеримент кој подоцна спасил стотици животи и го променил начинот на кој светот комуницира.
„Насмевнете се, вие сте на скриена камера“, гласеше последниот стих на песничката од истоимената емисија - Candid Camera. Првата епизода е емитувана во далечната 1948 и од тогаш има мал милион верзии. Но таа всушност почнала како радио емисија.
Во 1970-тите во Британија постоело Радио 77 на кое можело да се слушне сè: најнови хитови, атрактивни џинглови и ди-џеј кој како да бил роден за радио водител. Но програмата била наменета за најмалубројната публика на светот - единствената слушателка била сопругата на водителот.
Без оглед на сè што се случува последниве месеци, децата си се деца и тие растат без оглед дали е пандемија или не. Им требаат нови искуства, контакти, и начини на кои ќе бидат образовани. Ова го знаеме сега, но го знаеле и во текот на претходните пандемии.
Иако е во суштина скандал, учесниците во него се држат прилично цивилизирано. Од една страна радио водител кој без ронка милост среде интервју покажува дека клучен термин врз кој се потпира нова книга е погрешен. И од другата страна славна авторка на истата таа книга, која иако е фатена на препад сепак достоинствено го прифаќа фактот дека, ете, згрешила. И така можело.
Сонувала да биде бродвејска актерка. Но завршила како десна рака на Гебелс, кој користејќи го нејзиниот глас и џез музика изведена во живо, преку кратките бранови ја ширел наци-пропагандата.
Заврши неколку месечниот спор поради кој Бугарите не можеа да слушаат современа и модерна музика на своето национално радио. Сега можат, но, во меѓувреме се навлекоа на народно.
Некогаш пред дваесетина години кога нашите клубови или репрезентации играа надвор, а обезбеден пренос немаше, уживавме да се потпреме на радиото и замислуваме како е тоа кога топката е близу противничкиот шеснаесетник. Убаво е човек да се потсети како тоа изгледа, овојпат во Португалија.
Во пресрет на неговиот настап на Д фестивал во Дојран на 19 јули, една кај нас малку позната приказна за соработка на Ману Чао со психијатриски пациенти, кои и денес ја водат аргентинската радио станица, Радио Луни.
Скандинавската земја планира за помалку од две години да стане првата земја во светот која ќе го укине денес доминантниот начин на пренoс на радио програма.
Покрај сите совршено склопени сервиси базирани на целата можна наука за разбивање на кодот на слушателот (Спотифај, Пандора, Ајтјунс), излезе дека радиото уште е ненадмината технологија за откривање музика.
Нема подобро интервју со Вејтс од она кое можете да го чуете - со годините гласот и начинот на кој зборува му станува како на некој стар мудрец од Малешевијата, кој со поглед вперен во снежните врвови, со кавалче во едната и пљоска сок од бозел во другата рака, од време на време проговара: „И му викам ја на Кит..."
Минатиот број на едно од најреномираните книжевни списанија во регионов, „Сарајевске свеске", кое излегува неколку пати годишно, некогаш и на повеќе од 500 страници, беше посветен на балканските пцости. Е, сега...