Edison Research и Triton Digital објавија студија според која АМ/ФМ радијата остануваат најпопуларен начин за откривање на нови музичари и музика. (Предноста на радиото е што некој друг пред тебе се помачил да пребара па ти пушта што има најдено и радио е технологија која сите веќе ја владеат и не треба некаков посебен напор за нејзино совладување.)
Сервисите за стримање музика, ги нема ниту во топ 3. На второ место е муабетот што ќе го чуеш од пријателите или семејството, а на трето место е ЈуТјуб. За разлика од радиото, музичките телевизии воопшто не минуваат добро на оваа тема и се на 6-то место, едно место зад Фејсбук.