Идејата на норвешките регулатори е до јануари 2017-ма комплетно да биде укинат ФМ преносот и тој да се замени со DAB (Digital Audio Broadcasting) систем.
"Слуштелите ќе имаат пристап до многу поразновидна и плуралистичка програма ида уживаат во подобар квалитет на звукот и нови функционалности. Дигитализацијата ќе ја подобри и нашата подготевност за вонредни ситуации, ќе се зголеми конкренцијата и ќе се отворат нови можности за иновации и развој," изјави министерката за култура.
Освен тоа, денешниот трошок за пренос на радио канали преку ФМ мрежата е 8 пати поголем од дигиталниот а и капацитето, наместо за 5 национални радија како што е денес, ќе биде зголемен на 22 со дополнителни 20 фреквенции.
Во моментов само 20 проценти од приватните автомобили во Норвешка се опремени со DAB, но таа технологија е и денес широко достапна.