Како да зафркнеш цензори

Британски режисер, како форма на протест, снимил десетчасовен филм кој извесен Одбор за подобност требало да го гледа за да му додели маркица за категорија гледачи. Цели 607 минути овие зјапале во - ѕид.

Британскиот одбор за филмска класификација е невладино тело финансирано од филмската индустрија, воспоставено во 1912, а одговорно за националната категоризација и цензура на филмови кои се прикажуваат во кино или се на физички медиуми, како ДВД-иња. 

Kога независни продукции аплицираат со свој филм, бордот вообичаено бара околу 1000 фунти по дело за тоа воопшто да влезе во процес на разгледување, или попрецизно 100 фунти, плус 7 фунти по минута. Во знак на протест против ваквата практика, и против цензурата воопшто, Чарл Лин во 2016 направил филм во траење од десет часа, под наслов „Боја што се суши“, а чија содржина е прецизно означена во самиот наслов - единствен кадар на бел тазе офарбан ѕид офарбан од самиот автор, и ништо повеќе. Тој започнал Кикстартер кампања за собирање на потребните средства за аплицирањето со колку што е можно подолг филм. Првичната снимка траела 14 часа, но собраните пари биле доволни за да може да аплицира со 10. 

Ова го сторил на 26 јануари 2016, а членовите на одборот откако го изгледале буквално целиот филм му доделиле ознака U (универзално), односно дека е соодветен за сите возрасти.

Ова до денес е втор најдолг филм кој бил разгледуван од Одборот. Првото место го држи „Аут 1“ на Жак Ривет од 1971, кој е долг 775 минути.

Филмот има и трејлер:

 

6 мај 2022 - 16:57