Bookbox

Во продолжение пренесуваме делови од есеј на Славој Жижек, во кој наместо класична филмска рецензија тој нуди филозофски и културолошки осврт во кој филмот го чита како приказна за крајот на едно историско време и раѓањето на нова цивилизација. И наместо холивудски спектакл, го смета за - камерен филм!

Вештачката интелигенција сè почесто се судира со авторското право, а еден од најголемите судски договори досега покажува дека последиците можат да бидат милионски. Издавачката куќа „Блумсбери“, позната по серијалот за Хари Потер, ќе добие значителен дел од спогодбата меѓу стартапот Антропик и илјадници автори, со што случајот станува пресвртница во односите меѓу креативната индустрија и компаниите што развиваат генеративна вештачка интелигенција.

Куќата во која е роден Хитлер претворена во полициска станица

Куќата во австрискиот град Браунау на Ин, во која во 1889 година е роден Адолф Хитлер, од 22 јули официјално стана полициска станица. Одлуката, донесена по долгогодишни расправи и обемна реконструкција, повторно ја отвори дебатата за тоа како треба да се постапува со местата поврзани со нацистичкото минато и како тие да се зачуваат од злоупотреба.

Кога Вилијам Бероуз ги проучувал Маите

Пред да ги напише своите најпознати романи и да стане еден од најконтроверзните гласови на бит-генерацијата, Вилијам С. Бероуз имал уште една опсесија - древната цивилизација на Маите. Според нови истражувања, писателот драстично ја преобликувал нивната култура за сопствени книжевни цели, но неговите приказни сепак биле вкоренети во академските сфаќања за оваа цивилизација што биле актуелни во времето кога студирал во Мексико. 

Доставувач на храна ја освои најпрестижната книжевна награда во Кина

Збирка поезија, од која дел била начкрабана на ливчиња помеѓу достави на храна, му ја донесе на Ванг Џибинг една од најпрестижните книжевни награди во Кина. Неговата збирка „Низок лет“, инспирирана од секојдневните предизвици со кои се соочуваат неговите колеги, ја освои Наградата за книжевност „Лу Сун“ - именувана по писателот кој се смета за татко на модерната кинеска книжевност.

Пред „Барбенхајмер“ - кога премиери на филмски хитови се паѓаат во ист ден

Комбинацијата на два филма кои немаат ама баш ништо заедничко стана популарна на социјалните мрежи уште пред нивната официјална премиера. А сè почна со еден датум - 21 јули.

Кербер, Харон: зошто жешките бранови имаат митолошки имиња?

Со три глави, грозни заби од кои тече врела крв, запенети вилици и опашка од змии - ова е суштеството според кое е именуван новиот жежок бран, Кербер. Чудовиштето, според Хесиод, не можело ниту да биде победено, ниту опишано. Што ни кажува ваквото име за она што деновиве го живееме, а ќе станува и полошо?

Бразилската секта која вели дека е испратена од вонземјани за да го спаси човештвото (што и не е лоша идеја)

Среде корумпираниот и социјално поделен Бразил, сектата Долина на зората, покрај одреден број откачени идеи, нуди колективен живот и отфрлање на капиталистичките вредности. Нејзините членови одбиваат да работат за пари, а исцелителните ритуали се нудат бесплатно, како израз на безусловна љубов. Во земја во која сиромаштијата спречува голем број деца да го комплетираат нивното образование, Долината на зората има свој образовен систем. Дали станува збор за „култ“ или не, на крај можеби и не е толку важно.

Дали навистина можеме да ја „слушнеме“ тишината?

Експеримент покажува дека нашите уши ги слушаат тивките интервали на истиот начин на кој слушаме музика или врева. Но и дека за да постои отсуство треба да има негов „носител“ - во овој случај за да има тишина прво треба да има не-тишина.

Букбокс читанка: „Осамениот бодибилдер“ од Јукико Мотоја

Kaко мала, Јукико Мотоја (1979) читала раскази од Агата Кристи, Артур Конан Дојл и хорор манги. Подоца студирала глума, го позајмувала гласот за аниме серии и формирала своја театарска трупа. Нејзиниот влез во светот на книжевноста резултирал со добивање на сите најзначајни книжевни награди во Јапонија кои ги носат имињата на нивните великани - признанијата Кензабуро Ое, Мишима и Акутагава. Читајќи ја оваа збирка раскази, сфаќаме и зошто.

Букбокс гледаше на Синедејс: „Еден тон сладолед“ и „Дали си маж?“ 

Има нешто многу привлечно во кратките филмови кои, ако се направени како што треба, успеваат да го „згуснат“ гледачкото искуство на начин на кој 15 минути се доживуваат поинтензивно отколку кога се гледа долгометражен филм од саат и кусур. Иако основната причина за краткоста во наши (и секакви) услови се најчесто финансиите, овој „хендикеп“ всушност може да биде голема предност.

Почнува најголемиот штрајк во Холивуд во последниве 60 години - што ќе значи тоа за индустријата?

Од денес (петок, 14.7), холивудските актери и автори ќе ги здружат силите во борбата за своите права. Ова е прв пат двата синдиката да штрајкуваат истовремено од 1960-тата, кога тогашниот актер и иден претседател на САД, Роналд Реган, ги предводеше протестите.

Милан Кундера: Џинот од Брно и маргиналецот од еден париски стан. И обратно.

Се случува, дури и не толку ретко, Нобеловата награда да ја добијат навистина големи писатели. Но, тоа не можат да бидат какви било писатели, туку такви кои се форматирани за Нобеловата награда да може да ги поднесе.

Како тоа не сте биле на промоција каде писателите и публиката се голи?

Добра идеја за освежување на оние по малку застојани промоции, на кои се оди од пристојност, а не затоа што е интересно. Оваа можеби звучи по малку „непристојно“, но затоа пак би била сигурно настан за паметење.

Колибата за пишување на Џорџ Бернард Шо која можела да се врти накај сонцето

Местото го викал „Лондон“ за неговите вработени да можат, без да излажат, на потенцијалните гости да им велат: „Не е тука, во Лондон е.“ Всушност, славниот драмски автор и добитник на Нобелова награда за книжевност, се криел во колиба во дворот на својата куќа која имала специфичен систем на ротирање кон сонцето.

Музеј им исплати крави на припадници на народот Масаи затоа што изложувал нивни семејни предмети

Музејот Пит Риверс од Оксфорд минатиот викенд им додели „симболичен подарок“ на семејства од Кенија и Танзанија, чии семејни предмети биле изложени во поставката. Ова е дел од проект кој треба да промовира „пропорционални односи“ со домородните народи чие наследство е претставено во музејските збирки. 

Дефиниција на одмазда: уметникот што се наслика себеси среде нарачана слика

Ако летово се одлучите да варосувате по дома, гледајте да бидете фини со молерот - не знаете што ќе ви осамне на ѕидот среде дневна ако не му исплатите како што треба.

Букбокс гледаше: „Атена“ (2022)

Роман Гаврас е познат по неколку работи: по тоа што е син на славниот Коста Гаврас, по режирањето на спотови за М.И.А. и Кање Вест, по бившата Рита Ора и сегашната Дуа Липа. „Атена“ е негов трет игран филм, премиерно прикажан на ланскиот Венецијански филмски фестивал, кој комбинира наратив кој потсетува на старогрчка трагедија со визуелни ефекти на масовни акциони филмови. Важен елемент е и музиката, од која дел е снимен во Скопје.

Слатката приказна за стевијата

Карактеристична за Парагвај, Ка’а хе’е, како што оваа билка се нарекува oд домородното население, има долга историја која може да се следи низ нејзиното користење во традиционалната медицина, јапонската наука за храна и американскиот маркетинг.

„Декоративни испосници“ - чудната мода на богатите земјопоседници

Не станува збор за онакви декоративни гипсени статуи кои се ставаат по дворовите во форма не лебеди, џуџиња и што уште не. Ова се живи луѓе кои требало за одреден надомест да се согласат да живеат изолирано на имотите на богатите. 

Букбокс друштвени игри: „Вингспен“ или како да престанеш да јадеш пилешки прсти

Приказната оди отприлика вака. Во 2018, кога Иван е уште во основно, оди во парк на птичарење организирано од Македонското еколошко друштво, каде повеќето учесници „вооружени“ со двоглед и мапи прв пат во животот учат како да набљудуваат и да препознаваат птици. Напред до 2023-та, кога низ играње „Вингспен“, тој сериозно почнува да размислува за купување теле-објектив, знае што е „циконија циконија“ и „сколопакс минор“ и со други очи да гледа на софрата кога му се принесува пилешки стек.

Како производителите на печки помогнале да се измисли модерниот маркетинг

Во времето пред централното греење и електричната струја, печките биле голем бизнис. Но нивното влијание не се однесува само на затоплувањето и подготвувањето храна.

Писатели тужат вештачка интелигенција затоа што незаконски „голтала“ нивни книги

Насловов звучи како пародија на научно-фантастичен наратив. Но за оние што го следат брзопотезниот развој во областа на вештачката интелигенција ова е сосема логичен след на настаните. Додуша, само почеток. Сега луѓето ја тужат ВИ. Следно - машините ги тужат луѓето што се обидуваат да им украдат идеи, кои некогаш биле човечки?

Што не кажувате вакви работи?: зошто НЕ треба (секогаш) да се живее во моментот

За еден куп совети за исполнет ментален и физички живот, кои на прво слушање звучат некако логично, постои и контра совет кој, парадоксално, може исто така да држи вода. Мастите не чинат - сланината е супер. Кардио вежбите го продолжуваат животот - никако кардио! Е сега, после години обид за тренирање зен став на „живеј во сегашноста“, не морало така.

Се чувствувате дезориентирано во трговски центри? Намерно е и има посебно име.

„Груенов ефект“ е моментот кога муштеријата влегува во шопинг мол или продавница, и опкружен од намерно збунувачко уредување на просторот, почнува да губи чувство за своите првични намери, што го прави поподложен на импулсивно трошење. Знаете за што зборуваме, нели?

Џек Унтервегер: новинар, поет и сериски убиец (кому е посветена претстава што ќе игра на Охридско лето)

Денес научивме дека Џон Малкович ќе настапи на Охридско лето со претставата „Пеколна комедија - исповед на еден сериски убиец“. Таа се однесува на Јохан „Џек“ Унтервегер, најпрвин осуден за едно убиство, па ослободен по барање на тамошната интелектуална елита, па пак суден за петнаесет други убиства. 

Што ќе се случи сега кога ТикТок влегува во издаваштвото на книги?

Неодамна на пазарот се појави нова издавачка куќа, БајтДенс, дел од компанијата ТикТок, која освен по кратките вирални видеа е позната и како социјален медиум преку кој се промовираат книги, кои на тој начин бргу стануваат бестселери. Многумина во издавачкиот свет сметаат дека ова ќе создаде нелојална конкуренција на сметка на авторите кои не се, и не сакаат да бидат на оваа социјална мрежа.

Пловечкиот универзитет - судбината на еден необичен образовен експеримент

Во 1926 професор од Њујоршкиот универзитет - образовен реформатор со големи соништа - се нафатил на храбар експеримент. „Храбар“ значело (а и денес значи) дека шансите да не успее биле големи. Така и испаднало.

Жабутикаба: збор кој означува овошје но и „бразилштина“

Приказната за жабутикабата почнува со посета на локална алкотека во која пристигнало ново овошно пире за коктели. Чудно и името, и вкусот, но и значењето на самиот збор.