„Борби со храна и култура“ (Food Fights and Culture Wars), книга на Том Нилон која излезе во 2017, ги истражува непотполните историски документи за да ја пронајде врската помеѓу храната - основната човекова потреба и војните кои започнале поради неа. Сепак, не секогаш се работи за обичен леб, туку понекогаш и за луксузни стоки, како какао и чоколадо.
На пример, до средината на 17 век ова благо станало толку популарно во Англија што Оливер Кромвел, државник познат по своите брутални методи на владеење, одлучил да започне војна со Шпанија само поради какао плантажите кои оваа земја ги поседувала на Карибите.
Во друго поглавје, Нилон тврди дека борците биле убедени да маршираат низ Азија во склоп на крвавите крстоносни војни делумно како резултат на болеста ерготизам, уште позната и како „Оганот на Св. Антоние“, труење со еден вид габа (мораво рокче) кое се случува кога се јадат житарици, посебно р'ж, контаминирани од неа. Исхраната на селаните во тоа време се состоела од пиво, супа и леб, па точно и да го знаеле изворот на заразата тие тешко дека ќе можеле да преживеат со некаква замена за житото.
Ваквакта тешка ситуација била искористена од страна на папата Урбан Втори, кој во 1095 ги повикал христијанските нации да го повратат Ерусалим од муслиманите, по што за нив не само што ќе имало леб, туку и мед и млеко - нешто што се покажало многу далеку од вистината.
И покрај насловот на книгата, некои приказни се всушност за тоа како храната превенирала војни и болести. Кога Нилон прв пат почнал да ја истражува врската помеѓу лимонадата и чумата, мислел дека уличните продавачи биле одговорни за ширење на болеста. Но излегло обратното. Додека други големи француски градови биле погодени со бран на чума во доцниот 17 век, која убила стотици илјади луѓе, метрополата била поштедена.
Причината веројатно лежи во тоа што градовите во тоа време биле „рај“ за стаорци кои се хранеле од ѓубрето создадено од луѓето, а помеѓу нив имало и - лимони. Денес сопствениците не миленици инвестираат во шампони кои содржат состојки кои убиваат болви и ларви, како лимонен и линалол. Обете хемикалии природно се содржат во лушпите на цитрусните овошја.
Не само што лимонадата била омилен пијалок, туку ненамерно излегла и спасоносна против болвите што пренесуваат чума. Каде што се движеле продавачите на лимонада, таму имало и лушпи. Стаорците, со оглед на тоа што се сештојади, сигурно биле исто толку среќни колку и парижаните да пробаат од новото популарно овошје и на тој начин да ги уништат болвите што ги носеле на себе.
Секако, ова е тешко да се докаже. Но една книга од 1900-тата го потврдува позитивниот ефект на лимоните велејќи дека пациентите се чувствувале подобро кога консумирале цитрат од магнезиум во лимонада, поради лаксативните ефекти на овој пијалок.