Грико е етничко грчко население чија матична територија е јужна Италија. Се смета дека неговите претставници се поврзани со некогаш големите древни и средовековни заедници на Грци од овој регион, кој бил дел од Magna Graecia. Тоа е име кое Римјаните им го дале на крајбрежните области на Калабрија, Апулија, Кампања и Сицијлија, масовно населени од грчки доселеници, кои со себе ја донеле хеленската цивилизација. Таа тука, поради далечината од „матицата“, сепак развила посебни карактеристики во допир со домородното население на јужна Италија.
Народот Грико традиционално зборува италијански грчки, но бројот на говорители драстично се намалува - денес помладите зборуваат исклучиво италијански. Се проценува дека 200-300, главно постари луѓе се уште зборуваат еден од двата дијалекта, кои се комбинација на јазикот на древните грчки колонисти, „коине“ - предокот на модерниот грчки, како и средовековниот византиски грчки. Оттаму, станува збор за крајно загрозен јазик, за чијашто заштита не се преземаат доволно мерки од страна на државните италијански институции.
Познати историски личности со Грико потекло се тројца папи (Антерус, Јован Седми и Захариј). Предците на неодамна починатиот Тони Бенет потекнувале од градот Подарџони во Калабрија, а емигрирале во САД пред раѓањето на познатиот музичар.