Bookbox

Во доцниот 19 век, група германски доселеници тргнала кон Парагвај со амбициозна, но мрачна идеја – да создаде „нова Германија“, изолирана колонија наменета за таканаречената „ариевска раса“. Проектот, воден од Бернхард Ферстер и неговата сопруга Елизабет Ферстер-Ниче, сестра на филозофот Фридрих Ниче, бил претставуван како утописки рај, но брзо се претворил во приказна за сиромаштија, болести, разочарување и пропаст. Иако нивната визија пропаднала уште во 19 век, местото Нуева Германија и денес постои, носејќи го товарот на едно необично и контроверзно минато.

Зборот „сикофант“, кој денес во повеќе јазици е преземен со значење човек што лицемерно им ласка на моќните и богатите за лична корист и кодоши други, има необично потекло и тоа директно од античка Грција и од трговијата со еден од најважните производи за тогашната економија.

Писател? Ако, нешто да се работи

Покрај малиот број автори кои „успеваат во животот“ и можат не само да се издржуваат туку и добро да печалат од својата работа, мнозинството кои пишуваат затоа што не можат а да не го прават тоа работат нешто друго во таканаречениот секојдневен живот. Голем број од нив биле толку сиромашни што да можат да се разбудат денес би се чуделе што во меѓувреме нивните книги станале класици.

Букбокс гледанка: „ДТФ Ст. Луис“ (серија, ХБО, 2026)

Ретко ни се случува да не знаеме како да почнеме осврт, но тоа обично е добар знак - дека нештото е повеќеслојно, тешко за доловување низ рационалните алатки на текстот и такво кое мора самиот да го видиш за да сфатиш за што воопшто станува збор. Со тазе изгледана последна епизода од нешто што и не веруваме дека би имало следна сезона, почетокот би можел да гласи - догледајте го ова и покрај тоа што на моменти ќе сакате да го од-видите.

Замислете сите голи слепи кучиња да живеат во мир

Ако мислите дека дворските интриги и борбите за власт се резервирани само за луѓето, грешите. Кај голите слепи кучиња, смената на „кралицата“ обично личи на вистинска војна за престолот. Но една колонија решила да го прескокне хаосот и да направи нешто што луѓето ретко го постигнуваат: мирна транзиција на власт.

Музеј во Берлин ќе се реновира цели 14 години

Во октомври Пергамскиот музеј целосно ќе ги затвори своите порти поради долгорочни реновирања. Клучниот збор тука е „долгорочни“.

Букбокс друштвени игри: Како до лесен влез во ова хоби - игри за двајца

Во оваа подрубрика денес ни гостува Дино Граматиков, кој во ова (сериозно) хоби е повеќе од две децении. Горд сопственик на над 200 игри, тој е и прв македонски судија во играта Magic the Gathering. Ни пишува од Женева, каде секоја недела организира играчки собир (кај и да е, ќе му одиме...). Неговиот предлог за поднаслов на текстот е „Како да се проба ова хоби на раат и на брзина, без ризик од потсмев од пријател(к)ите“. Ризикот е јак, ама и да погиниш, колку-толку ќе се спасиш.

Зошто древните статуи имаат толку мали пениси?

Неодамнешата одлука на училиште во Флорида да изврши притисок врз својата директорка да поднесе оставка, откако на час била прикажана голата статуа на Давид на Микеланџело, го зголеми интересот за ова дело. Но покрена и уште едно, поинтересно прашање. Зошто, побогу, неговиот, а и пенисот на голем број други антички скулптури е толку мал?

Давајте од она на „л“

Во песните на викторијанските поети се среќаваат чудесни слики на измислени земји, свети реки, мориња неосветлени од сонцето. Сето ова се должи на нивната креативност, но веројатно и на фактот што голем дел од нив биле навлечени на една супстанца - лауданум.

Мишел Уелбек сними порнич (што нема да го гледаме)

Секоја чест за сите провокативни книги, ама идејата Уелбек да игра главна улога во секс филм однапред заслужува Златна малина во тој жанр. Ќе се прашувавме чија е таа глупа идеја, да не се знаеше дека е - на жена му. Сега двајцата се пишманат, но холандски суд одлучил дека филмот сепак ќе може да се прикажува.

Добредојдовте на островот „Ништо“

Нул ајленд е лоциран на нула степени географска должина и нула степени географска ширина, на местото каде се судираат примарниот меридијан и екваторот, на запад од Африка. Но со него има два проблема - прво, не е воопшто остров. Второ, иако името му е такво, сепак тоа не е „ништо“.  

Амузија: вистинската приказна за претседателот што не можел да слуша музика

Улисис С. Грант бил 18-тиот претседател на САД. Страдал од ретка невролошка состојба која правела дури и најубавата музика да ја слуша како неподнослива врева. Иронично, генералот најмногу го нервирала токму воена музика. 

Животниот век на европската елита

Анализа на животниот век на Европејците од високиот слој покажува кога и зошто нивните животни векови почнале да се продолжуваат. Причините за ова се во втор план, но може да си играме со претпоставки.

Случајно?: необичното искуство на коинциденцијата

„Случајно совпаѓање или поклопување, истовремено случување“. Вака гласи дефиницијата на „коинциденција“ во речникот на македонски јазик. Но таа не го отсликува очудувањето кое го чувствуваме кога ќе ни се случи таков настан за кој често се прашуваме - дали е навистина нешто што не е „местено“ да биде така?

„Шпанско магаре“: бруталната историја на една справа за мачење

Ја викале и „дрвен коњ“ или „шевалет“, а за ефикасната употреба на оваа справа не било потребно ништо друго освен - гравитација. 

Ќе се снима римејк на „Вертиго“ на Хичкок

Роберт Дауни Џуниор е во преговори да ја игра главната улога во нова верзија на психолошкиот трилер на славниот Хичкок, во кој играа Џејмс Стујард и Ким Новак. Бонус: сценарист ќе биде креаторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт.

И на машините им треба дремка, зарем не?

Дремката после ручек не е само човечка потреба. Без барем малку одмор, вештачките невронски мрежи стануваат катастрофално заборавни. Исто како и на нашите мозоци, и ним им треба малку време офф-лајн.

Анархистот што ја нападна кралската палата во Брисел и отвори музеј на долна облека

Денес (сабота) во 20 часот во Кинотека во рамки на неделата на франкофонски филм ќе се прикаже белгискиот, „Последното искушение на Белгијците“. Тоа е трето и засега последно продолжение од автобиографијата на еден уметник и анархист. 

Најстариот хотел на светот, отворен во 705-та година

Се наоѓа во планините на јапонскиот регион Јаманаши, и работи цели 1300 години, пет пати подолго отколку што на пример постојат Соединетите Американски Држави.

Аферата со трансфузија на животинска крв која ветувала „вечна младост“

„Ксенотрансфузија“ е пренесување крв од вените на еден вид во друг, најчесто помеѓу не-човечко животно и човек. Ова било мода во 1660-тите во Париз, кога најбарана крв била онаа од физиолошки и морални чистите козички и јагниња. 

Зошто храната од туѓа чинија е повкусна?

Не знаеме за вас, ама ние секогаш сме во искушение да посегнеме барем по залак од јадењето на оној кој јаде со нас, без оглед дали е исто или различно од нашето. Ама не дека сме стрвни - науката вели дека „има нешто“ во овој порив.

Носталгијата по „мажествени мажи“ во 17 век

Една од егоцентричните карактеристики на секоја историска епоха е да мисли дека токму нејзе ѝ се случуваат некои нешта, без оглед дали се тие добри или лоши. На пример, сте слушнале дека денешните мажи се префеминизирани, односно дека им фали „она нешто“ што ги прави „посилниот пол“? Епа истото за своите го мислеле и Шпанците од 17 век.

Утопискиот град среде индиска пустина во кој денес живеат 2500 луѓе (меѓу кои и четворица Македонци)

Поттик за оваа статија е десктоп позадина која ни се појави автоматски, со голема купола за која мислевме дека е некаква сценографија за научно-фантастичен филм. По малку истражување излезе дека тоа е центар на реален, иако експериментален град, основан во 1968 по име „Град на зората“ или Оревил. Поддржан од властите во Индија, како и од УНЕСКО, тој постои и денес.

Пред радарите: поморски „мапи“ направени од дрвени штички

Можете да ја прочитате шемата на фотографијата? Можеби изгледа како неуспешен обид за правење ограда, но за оние обучените паралелните линии и суптилните свиоци означуваат океански бранови и песочни плажи.

Има ли двајца во Скопје со ист број влакна на главата?

Додека се мислите во кој новинарски жанр да го сместите текстот кој го најавува насловот, да ви помогнеме - не е убавина и здравје, туку популарна математика. 

Лимони, скорбут и потеклото на сицилијанската мафија

По своето прво појавување на Сицилија во 1870-тите, мафијата бргу се инфилтрирала во економските и политичките сфери на Италија и САД. Една од теориите за нејзината појава има врска со - цитрусно овошје.

Мушичарско подземје: големата кражба на пердуви од Британскиот природонаучен музеј

Млад американски музичар, со хоби мушичарење. Британски музеј со скапоцена колекција птичји пердуви. И аматерски - но сепак успешен - обид таа да биде украдена и делумно продадена.

Го одбивам одбивањето - студентски одговор на писмо од Харвард

Пол Девлин денес е режисер и спортски новинар со пет награди Еми. Но во неговата биографија на Википедија има еден посебен пасус посветен на писмото што го испратил на Харвард уште како средношколец.

Бизарната легенда за ќерка што го дои татка си

Од антиката, уметници од различни културни контексти претставувале сцена која многумина би ја оцениле како перверзна. Таа е поврзана со легенда, за ќерка која успева да го спаси татка си кога тој е во зандана без храна и вода, со тоа што го дои.