Во соопштение објавено во понеделникот, 18.09, компанијата Амазон даде до знаење дека е приморана да го намали обемот на нови наслови кои можат да бидат објавени на платформата Киндл Директ. Оваа одлука доаѓа по наплив на дела напишани од вештачка интелигенција, што го загрозува не само квалитетот, туку и ја оптоварува целата платформа.
Иако се уште не е постигната кулминацијата во бројот на книги кои можат да бидат објавени, мерката е превентивна и претставува „заштита од злоупотреба“. Можно е брoјот повторно да биде намален во (блиска) иднина.
Пред ова, на почетокот од септември, Киндл излезе со нови правила за креаторите, вклучително и тоа тие да мораат да ја информираат платформата доколку користат вештачки генерирани текстови, слики или преводи. Овие две промени сега би требало да ја држат под контрола рапидната еволуција на генеративната ВИ и влијанието коешто таа го има врз читањето, пишувањето и издаваштвото.