Ерик Кантона, на свои 57 години, одлучува да го прошири теренот на своето делување, од стадионската трева, преку театарските штици и филмските студија, до музичката сцена. Следната недела тој ќе ја започне својата прва турнеја како пејач низ Британија - необична одлука која подразбира снимање на албумот-првенец во живо, на концертите во Лондон и Манчестер.
„Отсекогаш сум сонувал да излезам пред публика и да пеам, затоа што едно шоу подразбира соработка помеѓу двете страни. 20-те песни ќе бидат градени на сцена. Затоа сакав да снимам албум во живо како прв. Тој ќе биде комплетиран на сцена како што сликата се комплетира со последниот потез на четката“, изјавил Кантона.
Мал број музичари го имаат сторено истото. Д Јардбрдс, заедно со Ерик Клептон, го имаат направено тоа со концертна снимка, која никогаш не се појавила на топ листите.
Кога новинар на Гардијан го прашува Кантона чија предгрупа би сакал да биде, со оглед на неговиот почетнички статус, овој одговара: „Не знам на што мислиш“. И додава - „Можеби Стоунси би можеле да ми бидат предгрупа мене“.
Во јуни излезе неговиот прв сингл, „Пријателите кои ги загубивме“, кои критичарите го споредија со Ник Кејв, Леонард Коен и Серж Гензборо.
Не е лошо.
Види претходно: Букбокс осврт за мини-серијата „Нечовечки ресурси“ во која Кантона ја игра главната улога