Ла Каза дел Либро, библиотека во Сан Хуан, била меѓу големиот број културни инстутиции кои доживеале катаастрофа по ураганите Ирма и Марија кои удрија по Порторико во 2017. Силните ветришта ја уништиле електричната инсталација, што значи дека во просториите немало климатизација. А високите нивоа на влага биле закана по светската збирка на книги од 15 век и уметничките дела со кои располагала оваа институција.
Еден месец по овој настан, библиотеката воспоставила СОС линија и еден вид Национална прва-помош за културно наследство.
Тоа е волонтерска мрежа од околу 100 експерти по конзервација од целата земја. Тие им помагаат на поединци и институции во тоа како да спасат значајни предмети и згради по катастрофи. СОС-линијата во последниве години станала поактивна со оглед на екстремните временски услови. Во 2023, до сега имало околу 70 повици.
Една од волонтерките е конзерватор на книги и хартија, Ан Фрелсен од Атланта, која била повикана во Порторико по ураганите и одлучила да продолжи да помага. По давање првична поддршка преку телефон со видео-чет, луѓето како неа со ја проценуваат ситуацијата и потребната помош и излегуваат на терен. Во моментов нивни главни корисници се повеќе од 20 институции, кои не секогаш ги имаат потребните ресурси и обучени вработени.
Тоа е и втора главна активност на оваа организација, да обезбеди работилници за професионални библиотекари, архивисти и конзерватори, кои подоцна можат да полагаат за да станат дел од единицата за спасување на националното културно наследство.
Нешнл херитиџ риспондерс како што на англиски гласи името на организацијата е воспоставена од американската Фондација за напредок во конзервацијата во 2006. Но инспирацијата за неа потекнува од 1940-тите, кога во текот на Втората светска војна е формирана меѓународна група за заштита на културни богатства составена од 345 мажи и жени од 13 земји, наречена „Спасувачи на споменици“ (за која е снимен и истоимен филм со Џорџ Клуни и Мет Дејмон). Од тогаш напорите за спасување културно наследство по катастрофи опфаќа и други, навидум „обични“ предмети, покрај историски згради и славни уметнички дела.