Комеморативна монета, дизајнирана од уметникот Михаел Ото, е првата од осумте парички во серија наречена „Ремек-дела на светската книжевност“, посветена на големи дела напишани на германски.
Од 2023 до 2030, нови парички со книжевна тема ќе бидат издавани секоја година.
По „Фауст“, која има номинална вредност од 100 евра, серијата ќе одаде признание на дела на Хајнрих фон Клајст, Јозеф фон Ајхендорф, Анет фон Дросте-Хулсхоф, Бетин фон Арним, Томас Ман, Елсе Ласкер Шулер и Франц Кафка.
Гетеовиот „Фауст“ е веројатно најсоодветно поврзана со темата пари, бидејќи зборува за жртвувањето духовни вредности за моќ, знаење и материјална добивка. Во една од сцените, Метфистофел воведува хартиени пари во замена за злато, за да го поттикне трошењето. Секако, најмногу троши оној кој и има најмногу - Царот - што води кон општа инфлација која излегува од контрола. Ова е само една од темите поради кои „Фауст“ останува актуелен и денес.