Месец и половина откако сликарката Тања Балаќ ја отвори изложбата посветена на бегалската и мигрантската криза во Музејот на Македонија, истата пристигна и во Сосветот на Европа во Стразбур.
Според официјалниот сајт на AMICALE, организацијата во склоп на Советот на Европа која ги обединува своите над 2000 вработени и организира различни културни настани за граѓаните на Стразбур и регионот, изложбата ќе биде свечено отворена утре, 16.10, во објектот Палата на Европа и ќе трае до 27.10.
„Раселени“ е циклус создаван во периодот 2020-2023. Авторката се занимава со темите на миграциите, осврнувајќи се на ксенофобичната реторика присутна во јавноста. Во обидот да се создаде сеопфатна слика за овој глобален проблем, таа отвора многу прашања, но истовремено ја повикува јавноста на заедничка потрага по можното решение.