Кадите на расклопување биле хит во поголемиот дел од 19 век, особено помеѓу оние кои кубуреле со простор - значи посиромашните. Во доцните 1800-ти, компанијата Mosley Folding Bath Tub од Чикаго вовела производ кој можел да ја претвори секоја просторија во бања - када вградена во дрвена рамка, која кога била исправена личела на ормар, и тоа со огледало.
Изумот бил добредојден за поединци и семејства од доцниот 19 век кои мигрирале од селата во пренаселени градови каде немало вода од чешма, а имало голем број санитарни проблеми. Тој овозможувал луѓето да се бањаат во мали соби под кирија а сепак да имаат доволно место за живот.
Во рекламите на Мозли се велело дека кадата може да се претвори во топла бања за минута, па макар тоа била вода од кофи. Ова се должело на греач вграден во неа, кој елиминирал потреба од претходно подгревање на водата на печка. Имало и можност доколку во куќата постоеле топли цевки кадата да биде поврзана со нив.
Во исто време, компанија под име Bruschke&Ricke вовела слична краеција: комбинација на тросед и када. За жал, честите случаи кога троседите се палеле и луѓето се здобивале со повреди во текот на бањањето направило овој производ да има краток животен рок.
Сепак, мултифункционалниот мебел останал популарен. Денес главно станува збор за кревети кои можат да се комбинираат со други делови и да служат за неколку намени. Пооткачени примери се оној на Чарлс Хес од 1866 кој регистрирал патент за „Подобрено комбинирано пијано, кауч и биро“. Со оглед на тоа што од него има само скици, изгледа дека тој никогаш не бил изведен практично.