Нашата планета е нашиот дом. Но додека на стан или куќа можете да ставите цена по квадратен метар, па игра улога дали биле реновирани, па дали имало џакузи или италијански плочки, проценката на вредноста на Земјата е малку покомплицирана работа.
Она што ја одредува ваквата цена се пред сè нејзините ресурси, кои имаат (метафорично) непроценлива вредност, која сепак може да се процени, и тоа не од око, туку преку конкретни бројки.
Според пресметки направени во 2020 од д-р Грег Лафлин, сега професор по астрономија на Универзитетот Јеил, Земјата чини приближно 5 квадрилиони долари (или $5,000,000,000,000,000 или пет милиони милијарди). До оваа сума дошол откако ја пресметал масата на планетата, температурата, староста и други фактори кои се директно поврзани со нејзината способност да создаваат и одржуваат живот.
За споредба, Лафлин исто така ја проценил вредноста на други планети во нашиот сончев систем, согласно можноста таму да има нешто живо. Нашиот најблизок сосед, Марс, чини бедни 16000 долари, со што можеш евентуално да купиш подобра кола на старо. Но тоа е богатство споредено со Венера, која чини - еден цент! Ова се должи на нејзината атмосфера која се состои од 96% јаглерод диоксид и многу силните ветрови што бришат се пред себе.
Секако, Лафлин не очекува овие бројки да имаат било каква примена во реалниот свет, но се надева дека ќе инспирира луѓето повеќе да го ценат својот дом. Тој не е првиот кој става хипотетичка цена на нешто огромно, само за забава. Вредноста на Ѕвездата на смртта од Војна на ѕвездите е проценета на 852 квадрилиони, многу повеќе од онаа на Земјата.
извор
(првична верзија од статијата се појави во 2020, оваа е надградена за 2023-та)