Bookbox

Познавачите велат дека туниската литература од втората половина на 20 век се обидува да одговори на едно суштинско прашање: како изгледа едно општество што штотуку ја стекнало својата слобода, но сè уште живее со товарот на колонијалното минато? Едно од делата што на впечатлив начин го отвора токму тоа прашање е новелата „Црна молња“ од 1961 година, напишана од тунискиот писател Башир Храјеф, еден од најзначајните автори во современата арапска книжевност на Магребот.

Куќата во австрискиот град Браунау на Ин, во која во 1889 година е роден Адолф Хитлер, од 22 јули официјално стана полициска станица. Одлуката, донесена по долгогодишни расправи и обемна реконструкција, повторно ја отвори дебатата за тоа како треба да се постапува со местата поврзани со нацистичкото минато и како тие да се зачуваат од злоупотреба.

Доставувач на храна ја освои најпрестижната книжевна награда во Кина

Збирка поезија, од која дел била начкрабана на ливчиња помеѓу достави на храна, му ја донесе на Ванг Џибинг една од најпрестижните книжевни награди во Кина. Неговата збирка „Низок лет“, инспирирана од секојдневните предизвици со кои се соочуваат неговите колеги, ја освои Наградата за книжевност „Лу Сун“ - именувана по писателот кој се смета за татко на модерната кинеска книжевност.

Скриената историја на зборот „ментор“

Денес „ментор“ се користи за искусна личност што советува, насочува и им помага на другите да напредуваат. Но малкумина знаат дека овој поим има речиси три илјади години стара историја и потекнува од еден лик во Хомеровата „Одисеја“, каде што улогата на менторот е многу поголема отколку што изгледа на прв поглед.

Како го гледав „Одисеја“ во грчко летно кино

Да се најдеш случајно во Солун на денот на премиерата на „Одисеја“ е како да си се нашол случајно во Њуjoрк на финалето на фудбалското првенство. Ако не си од најопседнатите, јасно ти е дека е нешто битно, но не и интензитетот на страстите што ги буди еден ваков настан од, во основа, забавен карактер. Сепак, атмосферата понесува, па ти доаѓа на проекцијата не само да купиш пуканки во специјална изработена „кофа“ во форма на Тројански коњ, туку и да си ставиш шлем на глава.

Најсуровите книжевни критики на 2024

Во нашата средина не сме навикнати на „сосекувачки“ критики за што и да е од областа на уметноста. Дури и оние кои сакаат да укажат на недостатоци на делото сепак ги бираат зборовите, затоа што средината е мала и лесно е да се замериш. Но тоа не е така во поширокиот книжевен свет.

Како да победиш на шпанскиот Скребл без да знаеш збор шпански?

Веднаш да одговориме, за да не ве држиме во неизвесност. Тајната на тоа да станете шампион во оваа игра на зборови, на јазик кој не го познавате е - да го запомните целиот негов речник. Лесно, нели?

Иконофагија или јадење слики за здравје

Нова книга на Џереми Керинг, професор по историја на уметност на Универзитетот во Фрибург, Швајцарија, се занимава со историјата на верувањето дека јадењето делови од свети слики и реликвии помага во лекувањето на одредени болести. Секако, ова историски подразбирало нивно делумно или целосно уништување. 

2024-та низ најчитаните статии на Википедија

Отворената енциклопедија е најголемиот ресурс на знаење во историјата на светот и е бесплатно достапен на секого, насекаде. Тоа што луѓето го бараат тука како информација, кажува многу за тоа кои биле темите што доминирале во јавниот дискурс (во случајов на англиски јазик).

Фјодоровска треска: како Достоевски стана сензација на ТикТок

„Бели ноќи“, новелата на рускиот автор од 1848, не звучи како веројатен кандидат да стане популарна на социјалните мрежи. Но приказната за осамениот наратор среде суровоста на руската зима некако стана вирална. 

„Извинете, ве измамив“ - британскиот политичар кој беше фатен дека ја лажирал сопствената смрт

Кога облеката на Џон Стоунхаус била најдена крај Мајами бич на 20 ноември 1974, многумина претпоставиле дека британскиот парламентарец се удавил пливајќи. До моментот кога на Божик истата година се појавил жив и здрав во Австралија. Ова е необична приказна за човек кој умрел два пати, вториот пат навистина.

Ниту една од овие книги не постои. А што ако беше поинаку?

„Замислени книги: загубени, недовршени и фиктивни дела“ е нова изложба на повеќе од 100 текстови напишани или измислени од автори како Шекспир, Бајрон и Хемингвеј.

На најдобро продаваниот пијано албум на сите времиња инструментот е - расипан

Пред речиси 50 години, тогаш младиот пијанист Кит Џерет пристигнал во западно-германскиот град Келн. Тукушто минал 800 километри со старо Рено 4 од Швајцарија, каде имал концерт претходниот ден. Немал јадено бидејќи во ресторанот му ја згрешиле нарачката, а настапот бил закажан во 11:30 вечерта. Врв на сè - клавирот не бил тој што го побарал, плус бил расипан. Ама...

Најпознатиот фалсификатор на 20 век, кој му продаде лажна слика на Геринг

Се викал Хенрикус Антониус „Хан“ ван Мегерен и како индивидуален уметник не бил многу фален од сонародниците. Иронично, но неговиот сјаен талент за копирање на големите мајстори му донела слава по нацистичката окупација на родната Холандија.

Јапонски симбол на 2024: пари

Канџито 金, кое означува злато или пари, е победник на онлајн гласањето за збор/симбол на годината што полека изминува. Изгледа дека Јапонците барем последниве две години се опседнати со економијата, бидејќи лани симболот беше - данок.

Како „вибрациите“ ги заменија фактите

Од просветителството наваму, фактите беа кул едно 250 години. Но како нивното време да истекува, бидејќи денес е поважно што чувствуваш, или што би се рекло, каков „вајб“ инстинктивно насетуваш.

Нешта кои ги научив(ме) во 2024

Обично годините кои се зад нас ги оценуваме како добри или не толку добри во зависност од личните или глобалните околности - војни, пари, здравје. Но кога би ги проценувале во однос на тоа што сме научиле, нештата би можеле да бидат поинтересни и да мотивираат списокот следната да биде уште поголем.

Наследникот на хотелот Риц кој го научил Хемингвеј да лови риба

Чарлс Риц бил француски хотелиер, бизнисмен, но и експерт за мушичарење. Еден настан поврзан со ослободувањето на Париз од нацистите довел до негово познанство со „Хем“, кому му пренел нови методи и финти за рибарењето со мушички.

„Сабја“ не е само серија за атентатот врз Ѓинѓиќ туку и за современите медиумски (не)слободи во Србија

Од некаков уметнички аспект, серијата која ги прикажува настаните пред и по атентатот на поранешниот премиер Ѓинѓиќ, можеби и не е некој врв на телевизијата. Но детали од неа, особено таквите поврзани со новинарската работа во Србија на почетокот на овој век, се баш погодени, за со истите (носталгично) да се спореди денешната ситуација. 

Италијанскиот град кој секоја зима станува една голема друштвена игра

Зого дел'Ока e традиционален настан кој се одржува во Мирано, град во пошироката област на Венеција. Секој ноември жителите ги зафаќа „гускино лудило“ - целиот град е украсен со постери на гуски, а главно јадење по кафаните се колбаси и равиоли направени со месо од оваа птица. Плус, на главниот плоштад се организира друштвена игра.

Кога Божик цели 22 години бил официјално забранет

И денес многумина се противат на комерцијализацијата на празник кој во суштина би требало да се врзува со солидарност, споделување и скромност а не со потрошувачко лудило. Многу порано од современите поплаки, истово ова го тврделе и дел од американските колонии. 

Првиот семафор на светот работел на плин

На 9 декември 1868 во Лондон прв пат е поставено нешто налик на денешниот семафор. Отпрвин, реакциите на него биле помешани. Но потоа еден несреќен случај одеднаш го збришал целиот проект. 

Сара Џесика Паркер е член на жирито за Букеровата награда за 2025-та

И вие реагиравте со „од кај сега ова“? Ѕвездата на „Сексот и градот“ и самата била збунета кога ја добила оваа понуда, да биде дел од панелот кој ќе одлучува кој ќе ја добие престижната книжевна награда. 

Книги на 2024: „Сум слушнал дека постои таен акорд: музиката како лек“

Од авторот на бестселерот „Ова е твојот мозок на музика“, Дaниел Џ. Левитин, оваа книга продолжува да ги открива длабоките невролошки врски помеѓу музиката и подобрувањето или одржувањето на здравјето.

Најчудниот наслов на 2024-та воопшто не е чуден

Малку сме разочарани од исходот на овогодинешната награда Букселер/Дијаграм, која изминатите години (а се доделува цели 46) никогаш не изневерила. Можеби уредниците по издавачките куќи се станати повнимателни кога одредуваат наслов или пак самата публика што гласала овој пат не била толку шегобијна.

Букбокс гледаше: „Жената во песочните дини“ (1964)

Koга ќе се спомнат непрегледни песочни простори во книжевноста и филмот првата асоцијација е на „Дина“ на Френк Херберт - негостољубивата пустинска планета Аракис, која во себе крие огромни предизвици, но и моќ за оние кои ќе научат да живеат во и со мистериозниот песок. Но еден јапонски писател уште во 1960-тите го искористил истиот симбол за да направи врвно егзистенцијалистичко дело, преточено во исто толку моќен филм.

На 75-тиот роденден на Вејтс и 50-годишнината од „Барајќи го срцето на саботната вечер“: песната што Том му ја посвети на Керуак

„На патот“, романот на Џек Керуак од 1957, е точно тоа што се најавува во насловот - опис на патувањата на авторот и неговите пријатели низ САД, авантура исполнета со многу џез, поезија и дрога. Во него се препознаваат голем број клучни фигури на битничкото движење, како Бероуз и Гинзберг. И онаа меланхолија од чиј извор пиеле и многумина после нив.

Книги на 2024: „Посмртниот живот на податоците“

„Што се случува со вашите информации кога ќе умрете и зошто тоа би требало да ве загрижува?“ е поднасловот на оваа книга на Карл Оман, професор по политички науки на Универзитетот во Упсала, Шведска, чиј интерес е етиката поврзана со нашето „дигитално тело“, откако истото ќе се претвори во труп.

Политичка коректност наспроти фолклор: германски остров згасна традиција на удирање жени со рогoви

Повеќето луѓе во Германија ја поврзуваат прославата на Св. Никола со традицијата децата да оставаат исчистени чевли близу влезната врата вечерта на 5 декември, а следниот ден да ги најдат наполнети со мали подароци. Но има и региони, како Баварија, каде дедо Божик има мрачно алтер-его, Крампус. Влакнестиот демон има различни локални имиња и е дел од фолклорни прослави кои влучуваат страшни костими и процесии.