Шон Ленон (42) и Џејмс Мекартни (40) го „воскреснуваат“ најпознатиот композиторско-стихотворски тандем на сите времиња. Како синови на некогашните Џон и Пол, тие соработуваат на баладата „Примроуз Хил“.
Мекартни ја објаснил песната во Инстаграм пост: „Како дете во Шкотска имав визии, на нешто што изгледаше како прекрасен летен ден. Тотално опуштен, ја видов мојата вистинска љубов и мојот спасител. Песната е поттик да ја најдам оваа личност.“
И татко му Пол ја промовираше на социјалните мрежи, додавајќи дека му испраќа „многу љубов“ на Оно Ленон.
Џејмс Мекартни, син на Пол и Линда Мекартни, има издадено два соло албума во 2013 и 2016. Претходно има правено песни со татко му и бил дел од неговиот бенд. Тој признава дека е многу тешко да се живее со наследството на Битлси (не парично, туку јавно), а тоа било така дури и за Пол, кога настапувал со „Вингс“. Самиот почнал да свири под пседоним, за да не биде во сенката на татка си - работел додека не создал доволно песни за да може да се појави како автор.
Оно Ленон пак гради сопствена музичка кариера од раните појавувања на албуми на мајка му Јоко Оно. Го формирал алт-рок бендот Сибо Мато, кој пак го вклучува синот на Ринго Стар, Зак Старки.
Што се однесува до некогашните Битлси, вревата околу нив и по толку години не е стивната. По објавувањето на нивната последна песна „Сега и тогаш“ која се појави на британските топ-листи во ноември, и документарецот „Гет бек“ на Питер Џексон во три дела, сега се најавува реиздание на филмот „Лет ит би“ од 1970 на Дизни+ во мај.