Мемоар на починатиот руски политичар Алексеј Навални ќе биде објавен оваа есен, соопшти издавачот Пингвин Рендом Хаус.
Рускиот опозициски лидер започнал со пишување на својата книга, насловена „Патриот“, кратко време по неговото труење во 2020, коешто го преживеа. Ја завршил пред да почине во затвор во 2024, диктирајќи некои делови.
Неговата вдовица, Јулија Навалнаја, работела со уредниците за да ја подготват книгата за објавување. Таа ја опишува како „тестамент не само на животот на Алексеј, туку и на неговата непрекината заложба за борба против диктаторството - борба во која даде сè, вклучително и својот живот“. Таа се надева дека читателите ќе го запознаат човекот кој таа го сакала - личност со длабок интегритет и нескршлива храброст.
„Патриот“ е единствената автобиографија на Навални, и го покрива неговиот младешки живот, бракот, политичката кариера и активизмот. Таа вклучува необјавена коресподенција од затворот, опис на големиот број обиди за атентат врз него и неговите блиски, како и непоштедната кампања која тој и членовите на неговиот тим ја воделе против режимот.
„Патриот“ ќе биде објавена на 22 октомври, истовремено во САД и во Британија.