Bookbox

Ова е паметен филм, кој  заведувајќи со глетки на млади, еластични тела со затегната кожа и кренати задници, истовремено го казнува тоа наше алчно око со сцени на екстремна грдост, вперувајќи го прстот со долг пожолтен нокт и старечки дамки обратно - од огледалото кон „матриксот“ на неговиот одраз.

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Специјалните клавири произведени за американската војска во Втората светска војна

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

Русите ударнички за Толстој

Дали би волонтирале за деноноќно да корегирате дело на наш познат писател, за тоа да може да се објави онлајн? Дали би се труделе да нема ниту една грешка, просто од срам и заради почит кон авторот? Кај Русите има такви луѓе. И тоа најмалку три илјади.

Како да сочуваш мирис

Скопските липи, сармата на мајка ви, мирисот на некој кој ви е драг - замислете да можете да си ги сочувате во кутивче, и да си „шмркате" од нив кога ќе ве фати носталгија?

На науката ѝ се кратки нозете

Maкедонското списание Macedonian Journal of Medical Sciences е едно од 300-те на чија адреса пристигнала намерно лажирана научна статија на новинар од Science. И едно од оние кое ја - објавило.

Мајстори на навредата

Уметноста на „спуштањето" е токму тоа - вештина која произлегува од нечиј табиет, но која и се бруси во текот на годините, збогатена со животно искуство и мотивација да се возврати во вербалниот пинг-понг. Еве неколку одлични примери, какви ретко среќаваме во бледите расправии помеѓу нашите јавни личности.

Скандалозни исповеди на библиотекари

Какви сè потајни желби, гревови и страсти има оваа навидум благородна и софистицирана професија, чии претставници, повеќе од било кој обичен смртник, би требало да знае како, и со луѓето, и со книгите.

Толку млада, а толку Букер

Eленор Катон, со нејзините 28 години, е најмладата добитничка на наградата која ја доби за романот „Луминати" (The Luminaries), роман на 848 страници - најдолгиот кој некогаш добил Букер.

Нова книга на Џена Џејмсон

После бестселерот „Како да водиш љубов како порно ѕвезда", Џена на 21. октомври ќе го објави својот дебитантски роман со сладок наслов - „Шеќер".

Дигиталното згаснување на едно писмо

Пред неколку години шведска Икеа го смени фонтот од Футура во Вердана, а оние лојалните на првиот кренаа вистински бунт. На повеќето од нас секако не ни беше гајле. Но што ако се работи за писмо на еден цел народ?

Црквата конечно ја прифати Пјаф

Денес (14.10) во Париз завршува четиридневниот фестивал посветен на 50-годишнината од смртта на Едит Пјаф. Толку години беа потребни за католичката црква конечно да го прифати „врапчето" во своите редови.

Германските зборови кои недостасуваат

Германскиот, со неговата способност да формира „долга магарица“ од неколку зборови, често е извор на заемки, барем во англискиот. Schadenfreude (сеир) или Zeitgeist (дух на времето) се само некои примери. А зошто покрај постоечките да не се измислат и нови?

„Гравитација" (2013)

Вселенска одисеја која визуелно ќе ве остави без здив, а сценаристички ќе направи да се запрашате - зошто имало потреба во таа величествена тишина некој воопшто да отвара уста?

Книги со холестерол

МекДоналдс - оној што го нема во Скопје - одлучи да стане издавачки гигант. Во следните два месеца играчките во пакетите за деца ќе ги замени со книги. Иронија: тие ќе бидат со нутриционистички педагошки пораки.

Пензионерката која доби Нобел

Не е ни Јапонец, но рок музичар, а не е ни машко - Манро е тринаесетата жена и прв жител на Канада добитник на престижната награда. Летово изјави дека ќе се пензионира, а сега има и добра причина да си го одржи зборот. Поточно милион и двеста илјади причини. 

Како пропаднала Александриската библиотека

Да не делуваше убедливо, ќе мислевме дека е иронија упатена до сите влади кои кратат од буџетските средства во областа на културата. Но изгледа дека вистинската причина за згаснувањето на славната библиотека не бил пожар, туку нешто навидум многу побанално, а подеднакво страшно.

Книжевен осврт во gif-ови

„Мојот српски волк" е љубовно романче од извесна Харизма Најт. Има само 90 странички, ама доволно да собере куп негативни критики на Амазон, од типот „ѓубре", „ужасно", „грозно". Но еден осврт на Good Reads може да послужи како урнек за рендање на ваквите жални книжевни обиди.

Човекот кој го смени ликот на модерната опера

Режисер, актер и продуцент, Шеро во музичките кругови ќе биде запамтен по антологиските оперски поставки, особено по тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ на Вагнер, чии дела, и по два века од неговото раѓање, остануваат голем предизвик и за режисерите и за изведувачите.

Митовите за креативноста

Стариот добар Бук за тоа дали навистина се потребни идеални услови за да создаваш, или тоа е сепак жесток внатрешен порив, кој одолева на сите животни премрежја. И стрипче според негова песна на оваа тема.

Супер-херојот во сите нас

Новата книга „Што го прави човека херој?" тврди нешто во кое често ни е малку тешко да поверуваме - дека човечкиот мозок е програмиран за несебичност. И дека песната на Мараја Кери не е толку лигава колку што звучи.

Астероид именуван според xkcd

Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.

Пола човек - Вили Нелсон

Најновиот број на музичкиот магазин Moџo е посветен на 10-годишнината од смртта на Џони Кеш, и оди со ЦД, под наслов „Џони Кеш и пријателите". Eдна од песните на него е најдобра поетска дефиниција на тоа што е „пола“ која до сега сме ја сретнале.

Како да предвидиш Нобел за книжевност без да читаш

За да бидеш одличен во прогнозирањето кој ќе ја добие наградата на Шведската академија во областа на литературата се потребни извесни квалификации. Познавањето на она што го напишале кандидатите не е една од нив.

Екстравагантни години

Oвој петок во Загреб се отвори третиот меѓународен уметнички фестивал „Екстравагантни тела", кој ги анализира начините на кои општеството ги одредува границите на нормалното и патолошкото. Темата оваа година е третото доба, попознато и како старост.

Најголемата психо-лингвистичка студија на сите времиња

Истражувачи од Универзитетот на Пенсилванија анализирале статуси на 75,000 волонтери (!) и притоа се обиделе да пронајдат сосема различен начин за толкување на човечката личност, подвид: Фејсбук корисник.

Звучни скулптури од Дафт Панк до Филип Глас

Повеќето од нас се задоволни со слушање музика. Но германскиот фотограф Мартин Климас сака и да ја визуелизира. Чистењето по секоја фото сесија му е бонус.