Jeee!

Астероид именуван според xkcd

Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.

Астероидот е откриен во 1987, кога Рендал бил во раното детство, но сега е именуван според него откако неколкумина фанови на неговиот стрип „за природни науки, љубов и сарказам", xkcd (за кого пишувавме ТУКА), на повик на Меѓународната астрономска унија за испраќање предлози, го сугерирале токму неговото име.

Манро на неговиот блог, целиот возбуден и трогнат, им заблагодари, среќен што големата карпа (со дијаметар 6-10 километри), има прилично стабила орбита помеѓу Марс и Јупитер, и засега нема шанси да удри по Земјата. Со оглед на тоа што патеката на овој астероид благо отстапува од кружната, астрономите велат, дека тој е благо „ексцентричен". Баш фино легнува со оглед на тоа на кого е крстен.

Нека му е со среќа името. А еве како гордиот цртач го замисли во еден од неговите стрипови сиот универзум, од врвот кон дното. 

7 октомври 2013 - 18:42