Таг: xkcd

Астероид именуван според xkcd

Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.

Кажи го едноставно

Јасно како ден. Без барокни реченици. Точно и за секој да може да го разбере, користејќи не повеќе од илјада вообичаени зборови. Е, така би требало да пишуваат новинарите.

Стрип со пеење

Нашата љубов кон xkcd  е долга и тенка колку и секое од човечињата во стрипот. Ама не сме саде ние, и не сме саде тука. Еве уште некој кој бил мотивиран да ја изведе тешко певливата Every Major's Terrible, или „Кој и да е факултет е грозен“. Добро легнува во екот на уписите, особено за бруцоши.