Доделено Нобеловото признание за економија
14 октомври 2024
- Дарон Ачемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон го добија Нобеловото признание за економија за „проучување на тоа како се формираат општествените институции и како тие влијаат врз просперитетот“.
- Добитниците на наградата, формално наречена Sveriges Riksbank Prize in Economics, воспоставена во спомен на Алфред Нобел, се соопштени денес, 14.10., во Стокхолм. Тоа е истовремено последната во низата Нобелови награди која се доделува оваа година, вредна 1.1 милиони долари.
- Признанието на тројцата добитници им се доделува поради тоа што тие ја демонстрирале значајноста на општествените институции во намалувањето на огромните разлики во приходот помеѓу земјите во светот. Сите тројца работат во САД - Ачекоглу и Џонсон на МИТ, а Робинсон на Универзитетот во Чикаго.