„Многу слушав минималистичка музика - современ класичен и фри џез - и почнав да барам визуелни претстави кои најдобро би ја опишале", вели тој. „Наскоро наидов на истражувањата на Ханс Џени и неговатата Студија на бранови феномени".
Во шеесетите, Џени, германски физичар, почнал да експериментира со ефекти на звучни вибрации на различни материјали - течности, прашоци и течна паста, и истите да ги фотографира. Супстанците се поставуваат на гумена подлога и се прави таа да вибрира, при што различните тонови произведуваат различни простори шеми на користените материјали: ниските тонови прават прашоците да се групираат во едноставни, прави линии, додека подлабоките произведуваат посложени структури.
Иновацијата на Климас се состои во тоа што наместо обични вибрации за истата цел користи - музика. Тој поминал цела година правејќи она што тој го нарекува „звучни скулптури" од музика на различни изведувачи - од Џими Хендрик, Филип Глас, до Бах. „Користам обичен звучник со заштитна гумена мембрана, истурам боја на неа, и потоа се тргам на страна", објаснува тој. Потоа го пушта звукот на максимум, а кога бојата ќе почне да лета наоколу фотоапаратот почнува да штрака.
Климас главно бира музика која е динамична, со силен ритам, но и таква која има некаква врска со визуелната уметност, како онаа на Велвет Андерграунд.
Иако целата серија се правела со месеци, и биле потребни стотина обиди за да се дојде до конечните фотографии, најдосадната работа според Климас била - да се исчисти местото по секое сликање!
(Бах, Токата и фуга во Д-минор)
(Џејмс Браун, Sex machine)
Дафт Панк, Around the World
Горе: Пинк Флојд, Time, на насловна - Music With Changing Parts oд Филип Глас