Таг: визуелизација

За неколку години компјутерите ќе можат да ни читаат слики од мозокот

Како и секој технолошки напредок, и овој ветува неверојатно корисни примени, но истовремено отвoра и големи можности за злоупотреба. Или барем за резил.

Не плукај!: пандемиски постери низ историјата

Пред интернет, информациите од јавен карактер, па и оние за заразни болести, биле пренесувани преку еден фундаментален графички медиум: постерот.

Вистинската црна јама во споредба со тоа како ја замислуваа уметниците

Личи на „окото на Саурон“ или некаква морничава кружна форма опкружена со огнени јазици. До сега можевме само да ја замислуваме, но оние уметници кои тоа го правеле не биле далеку од вистината.

Дали мора баш секој онлајн текст да е илустриран со слика?

Како се чувствувате во врска со отсуството на визуелна дразба во текстов во форма на фотографија или цртеж? Искрено, нам ни е некако шубе. 

Како да визуелизираш звуци со ајфон?

Апликациите за аугментирана реалност главно се користат за комерцијални цели. Иако се скапа „играчка“, има и ентузијасти кои ја користат експериментално. Во овој случај за мапирање и визуелизација на звуци во простор. Следниот пат кога ќе ви дојде да му се издерете некому помислете како тоа изгледа, не метафорично, туку реално.

Интерпункциски соголени книги (и наши текстови)

Кога споредуваме книжевни стилови најчесто мислиме на тоа како различните писатели ги користат зборовите. Но она што нивните дела ги прави посебни е и специфичниот начин на којшто секој од нив, свесно или несвесно, користи интерпункција. Ние изгледа сме по запирките.

Што гледаме додека читаме?

Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.

2,600 години културна историја во 5 минути

Најнов производ во една област која доживува подем - визуелизација на комплексни бази податоци. Во случајов се работи за мапирање на местата на раѓање и умирање на битни културни фигури кои, иако се работи за распон од повеќе од два милениума, како да следат една иста шема: кај и да се селат, не се оддалечуваат многу од дома.

Убава наука: историја на визуелното прикажување податоци

На 20. февруари во Лондон се отвори изложба на која се прикажани историски релевантни графички прикази на научни податоци. Еден од примероците е дијаграм на Флоренс Најтингејл, кој прикажува како нехигиената во болниците убива повеќе војници отколку Кримските битки во кои тие биле ранети.

Звучни скулптури од Дафт Панк до Филип Глас

Повеќето од нас се задоволни со слушање музика. Но германскиот фотограф Мартин Климас сака и да ја визуелизира. Чистењето по секоја фото сесија му е бонус.