Bookbox

На вчерашниот прв ден од конференцијата „Наука за деца“ требаше да биде нели, за деца. Ама и на некои возрасни им се отворија очите од едно хемиско-етимолошко сознание.

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Жената со џуџест раст што направила револуција во издаваштвото

Помислете на омилениот научно-фантастичен роман. Сигурно го знаете насловот и авторот. Но што е со уредникот или издавачот? Една жена се уште го нема добиено заслуженото признание за тоа што ги проширила границите на научната фантастика и на фантастиката воопшто, приближувајќи ги до нови читатели.

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Пеен Уелбек

Ле Фигаро објави информација дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек.

Сто години од раѓањето на Вилијам С. Бароуз

Гуру на окултното, книжевен гениј, визионер, психопат, Бароуз на сто години од неговото раѓање е повеќе мит отколку „обичен" писател.

Концерт за мотор и оркестар

Белградската филхармонија и без поранешниот директор Тасовац кој ја напушти за да стане министер за култура, продолжува со откачени проекти. Утре (7. февруари) таа ќе го изведе Мотоциклистичкиот концерт за тромбон и оркестар.

Мебел инспириран од Дали

Пријател и соработник на Дали изработува парчиња мебел инспирирани од неговите слики. Најновото дело му се вика „Ксaи“ и претставува масичка за во спална направена од препарирана овца. Цена - џабе.

Конечно објавена единствената книга на Чаплин

Мрачна, носталгична новела, единствената која некогаш ја напишал генијот на филмската уметност, се појавува за прв пат откако 60 години стоела некаде по архивите.

Чомски за Супер боул

Масовните спортски настани, астрологијата, фундаментализмот и новинските наслови од типот „Родила дете со шест глави“ се сведуваат на истото - тие се чиста диверзија врз моќта за критичко мислење, вели Чомски. Тоа објаснува и зошто оние кои се рекламираат во паузите на Супер боул се подготвени за тоа да платат големи пари.

Прото-панк бендот кој воскресна

Неодамна во француските медиуми наидовме на вест дека во Париз во рамките на фестивалот „Звуци на зимата" кој ќе се одржува до 16 февруари, ќе настапи американската прото-панк група „Смрт", чија приказна ја споредуваат со онаа на Сиксто Родригез („Барајќи го Шугармен"). Името на групата, како и споредбава, беа доволни за да се заинтересираме за темата.

Како да гестикулирате како интелектуалец

Можеби ги правите самите, а не сте ни забележале. А сигурно некаде сте ги виделе. Гестовите наречени „Дијалектика" или „Италијански келнер“ ги практикува секој кој претендира да биде современ „интелектуалец".

Салвадор Дали против инфлацијата

На жителите на Рио им е преку мустаќ од високите цени во нивниот град, кои допрва ќе се зголемуваат во пресрет на светското фудбалско првенство и Олимпијадата во 2016. Нивниот одговор на ваквата ситуација е речиси надреален.

Новинарот и неговата машина за чукање

Еден звук кој веќе ретко се слуша доаѓа од далечна просторија во Палатата на нациите, седиштето на ОН во Женева - удар на метални типки на хартија, често прекинувани од „динг" на оловно ѕвонче. Да, уште има новинари кои користат аналогни машини за пишување, и тоа со добра причина.

Мачки во епизодни филмски улоги

Неодамна пишувавме за мачорот (всушност неколку мачори со иста боја со кои мака мачеле браќата Коен) во филмот „Во главата на Луин Дејвис". Но има уште куп филмови во кои мачките не се главен лик, а сепак играат важна улога, или како симбол, или просто како украс во кадарот.

Еротски рељефи во Музејот на Лондон

На 14. фебруари посетителите ќе имаат можност да ги видат „мрсните" страни на животот во 18. век. Серијата еротски рељефи кои прикажуваат разно-разни сексуални позиции ќе бидат изложени за прв пат.

Книги кои прават да се чувствувате исто како нивните ликови

Научниците од MIT создале книга која ви ги пренесува чувствата на нејзините ликови. Ама буквално и физички - од тоа дали се препотуваат, имаат тахикардија или доживуваат екстаза. Замислите како функционира кога ја читате „50 нијанси".

Не ја исмевајте поезијата. Ентер.

Се сеќавате на расправијата во Ростов-на-Дон околу Имануел Кант и неговата „Критика на чистиот ум"? Епа во Русија повторно се случил инцидент, овој пат поттикната од една книжевна дилема. Сега има и мртви.

„Во главата на Луин Дејвис", или што значи мачката?

Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.

Обновувањето на еден фонт фрлен в река

Во новогодишниот број на Економист налетавме на многу интересен текст, со елементи на акција, мистерија и трилер. И сето тоа поврзано со еден печатарски слог, чиј автор не сакал да падне во туѓи раце.

Книги кои си вртат грб

Да му вртиш грб на човек не е културно, а во некои ситуации не е ни безбедно. Кога тоа се случува со книги, меѓу нив владеее вистински соживот.

Кафани со имиња на книжевни дела

Eден од начините да го прошетате светот е да си направите тура по рестораните и баровите кои го добиле името според познати писатели или нивни дела. Особено е интересно второто, бидејќи е „ишарет" кон оние кои знаат за што се работи.

„НЕ ВЕРУВАЈ НА ТОЈ ОСОБЕН ВКУС“ од Вилијам Гибсон

Есеи на „црниот пророк" на информатичкото доба, на кого му го должиме терминот „киберпростор" и уште куп предвидувања во врска со реалната телевизија и интернет. Сега, како жив сведок на сопствените визии, тој спокојно си живее во Ванкувер, дозволувајќи си конечно да напише книга која во стандардната номенклатура се квалификува како нефикција - всушност истото она што тој и до сега го пишуваше, само пред своето време.

Документарецот на де Ниро за неговиот татко

Филмот којшто го најавивме летоска, својата премиера ја имаше на овогодинешниот Санденс, а телевизиски ќе се прикаже и на HBO во јуни. Де Ниро постариот, кој почина во 1993 на 71 година, според син му бил „луциден и отровен", но многу талентиран уметник.

Зошто исмевањето научници (не) е смешно?

Со задоцнување ја откривме серијава, но уживаме во ликовите на гиковите-физичари од Пасадена, Калифорнија, посебно на социјално неприлагодениот, циничен и арогантен Шелдон Купер. Но вистинските гикови ич не се воодушевени од начинот на кој се портретира субкултурата на која ѝ припаѓаат.

„Немој да ме сфатиш погрешно, ама..."

Колку пати ви се случило муабетот да ви го почнат со „Глупо ми е што ќе ти го кажам ова", „Да бидам искрен(а)..", „Те сфаќам, ама..". Овие фрази купуваат неколку секунди до соопштувањето на некоја непријатна вистина, но инаку не вршат многу работа. Освен што покажуваат дека некој тука не е искрен.

Koлку зборови за снег навистина имаат Ескимите?

Сигурно сте го чуле оној муабет за тоа дека народите од далечниот север имаат необично голем број на зборови за снег, кој поинаку се вика ако паѓа, ако е веќе паднат, или ако не е исчистен од пред иглуто на комшијата. Но ова клише изгледа е само тоа - популарен лингвистички мит кој нема основа во реалноста.